Две изведби на претставата „Не се клади на енглези“

На 6-ти октомври со почеток во 20:00 часот, како гостувачка претстава на репертоарот на Народен Театар Охрид, ќе се одигра комедијата “Не се клади на Енглези” чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов.

 |   | 

На 6-ти октомври со почеток во 20:00 часот, како гостувачка претстава на репертоарот на Народен Театар Охрид, ќе се одигра комедијата “Не се клади на Енглези” чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов.

Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ. Претстава го третира феноменот „спортско обложување“.Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Претставата премиерно во Скопје е изведена во март 2014 и веќе трета сезона е незаменлив дел од репертоарот на Македонскиот Народен Театар

Според актерот Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот. 

Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата “Не се клади на Енглези”, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот.

Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба денеска (вторник) во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари.

Билетите за претставата по цена од 200 денари, ќе бидат пуштени во продажба во петок (29 септември) на билетарата при НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид.

Работното време на билетарата е следно:

Во понеделник: 10-14ч30, вторник до петок, од 10-20:00 часот и во сабота, од 14:30-20:00 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top