Образованието во фокусот на денешната седница

Градските избраници сакаат до крај да си ја довршат работата во советот. Денес се одржа 75тата седница на која најголем акцент се стави на образованието и на состојбата во која се наоѓаат училиштата во градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во фокусот на советниците на денешната 75 седница на совет беа условите за изведување настава во основните училишта во градов. Оваа дискусија беше иницирана од предлог одлуките за усвојување на годишниоте извештаи за работата и материјално -финансиското работење на ОУ. Советникот Кујтим Усеини посочи дека ОУ „Братство единство“ кое е едно од најстарите училишта во градов е во многу лоша состојба, а условите за настава се навистина под сите критериуми.

Еве веќе месеци децава во Братство учат во услови кои се катастрофални. Години наназад сме оставени без никаква интервенција. Во едната зграда бараме да се направи дренажа веќе осум години и не се изнајдоа средства за тоа. Децата учат во влага и во никакви услови, потенцира советникот Усеини.

Советникот Климе Шешоски уште еднаш потсети пак на проблемот што го има ОУ „Григор Прличев“ поради блокираната сметка и неможноста да го подмирува долгот кон ЕВН поради што демне опасност училиштето да остане без струја.

Се надеваме дека во наредниов период ќе го решиме овој проблем. Ние како Совет и како Локална направивме се што беше во наша надлежност се надевам дека наредниот состав ќе успее овој проблем трајно да го реши, рече советникот Шешов.

Јоне Станкоски советникот од ВМРО НП истакна дека покрај подобрувањето на условите во училиштата мора сериозно да се размсли за спроведување на проектот за топол оброк и воведување здрава храна во училишните мензи.

Да се ослободат мензите кои се пренаменија за други потреби. Онаму каде што нема менза да се изгради. Мензите ги претвори во детски градинки и сега нема услови за давање здрава храна. Хигиената која децата треба да ја одржуваат при земањето оброк е на ниско ниво. Сега само мал дел деца се хранат во таканаречените мензи, а другите јадат фаст фуд, рече Станкоски.

Советниците ги изгласаа извештаи за работата и материјално -финансиското работење на ОУ како и останатите триесеттина точки од дневниот ред на денешната седница од кои дел беа од комуналната ,а дел од урбанистичката сфера.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top