Post Views: 0
Во силна меѓународна конкуренција под строгото око на врвни светски стилисти, тројца охридски млади фризери се искачија на самиот врв меѓу најдобрите. Охриѓани со својата креативност и вештина на меѓународниот натпревар Hair Fear 2018 покажаа дека сме во чекор со модата и светските трендови. Меѓу 150 фризери од Балканот и Европа во повеќе дисциплини за женски и машки фризури три награди отидоа во рацете на охридските млади фризери. Фризерскиот натпревар беше органзиран од Македонската фризерска асоцијација, а учествуваа фризери од средните фризерски училишта од земјава....
Post Views: 5
На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад. Помина скоро една година откога стружани протестираа поради загадувањето на воздухот од чадот кој доаѓаше од запалената депонија, а се уште нема конкретно решение за овој горлив проблем стар дваесеттина години. Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше дека до месец мај депонијата ќе биде исчистена, а сметот ќе биде транспортиран до скопска Дрисла, но тоа сега на граѓаните им изгледа како научна фантастика.Ардијан Демири од здружението „Стружани за Струга“е скептичен. Вели дека невозможно е толкави количини на смет...
Post Views: 0
Facebook воведе нова можност на профилите, па така корисниците од сега можат да ја анимираат својата профилна фотографија на мобилните уреди. Иако засега оваа опција е достапна само на одреден број корисници, во продолжение можете да дознаете дали се наоѓате меѓу таа одредена група на корисници.
За да го “оживеат” профилот, Facebook воведе можност за анимирање на профилната фотографија, па така ќе може да се додаде видео во траење од максимално седум секунди.
“Кога повеќе од 26 милиони луѓе го користеле нашиот Celebrate Pride filter, стана појасно дека луѓето ги користат...
Post Views: 1
До Општинаската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди до петокот се доставени 82 барања од правни и физички лица кои претрпеа штета од невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата од понеделникот е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања и досега има извршено увид кај 25 оштетени.
Према барањата како што се поднесени од правните и физичките лица истото е констатирано и на лице место од страна на Комисијата. Значи се она што е наведено во барањата и навистина е оштетено, вели Раде Велјаноски, претседател на Комисијата за проценка...
Post Views: 1
Денот на пролетта во Охрид го донесоа младите музички таленти од охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Во духот на младоста, среќата, љубовта тие синоќа во организација на Лајонс Клубот Охрид, а одлично подготвени од нивните ментори професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски приредија еден незаборавен концерт кој ја воодушеви публиката во преполнетата сала во ЦК „Григор Прличев“.
Претседателот на Лајонс Клубот Охрид, Александар Гоџо сеуште е под голема импресија од синоќешниот концерт. Тој вели дека нивна работа било да обезбедат сцена со професионална бина,...
Post Views: 23
Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на “Kомунална хигиена” или на депонијата “Дрисла”, пренесува “Дневник”.
На никој од нас не му е пријатна миризбата на ѓубрето знаејќи што се’ се крие во него, но кога се во прашање скапоцени предмети или документи што завршиле таму, секој е подготвен да пробуричка за да ги најде.
Портпаролот во јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица вели дека досега повеќе пати...
Post Views: 2
Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид. Според последната евиденција на Центарот за вработување, во нашата општина има 6573 лица од кои 3619 се активни баратели на работа. Директорката на Центарот Маја Ташова Биткоска појасни на што се должи зголемениот број на невработени лица.
„Во моментот со опцијата за аплицирање за материјалното обезбедување, невработеноста се зголеми во бројка, бидејќи луѓето кои што не се пријавувале а сега имаат право да го искористат и да го обноват тоа барање за материјално обезбедување по основ на стечај и на технолошки вишок од фирми...
Post Views: 69
Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар.
„Намаливме...
Post Views: 3
Сликарот Јордан Манасијески со уметничко дело ја претстави македонската нација на Изложбата на нациите на „Venezia Art Expo“. Нашиот еминентен сликар Манасијески ја доби поканата за учество на Венецијанското биенале од 6 мина врвни италијански историчари на уметност кои го следат неговиот творечки опус во сликарството, вели Љупчо Жупан од охридската галерија Букефал.
„Беше голема чест да се биде дел од тој настан. Посебно што овие историчари на уметност подолго време го пратат сликарот Манасијески и едноставно го поканија на тоа биенале да ја претставува македонската...
Post Views: 0
Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19. Уредбата на Владата, со која се пропишуваат овие мерки и потоа е дополнувана со одлуки, има законска сила. Тоа го потврдува Уставниот суд на РС Македонија,...
Post Views: 0
Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ го одбележија првиот пролетен ден. Иако пролетта годинава започна врнежливо и тмурно сепак најмалите охриѓанчиња внесоа топлина со своите костими и игри. Поради временските прилики изостана дефилето на градскиот плоштад но првиот пролеттен ден беше одбележан во сите клонови на градинката. Облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари во програмата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е најубав начин тие да научат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите. Програмата...
Post Views: 0
8ми Септември е еден од најзначајните и најсветлите празници во историјата на нашата земја. Празник кој го означува остварувањето на вековниот сон на многу генерации, Ден кога е ставен темелот на независноста на државата сметаат историчарите.
На овој ден пред 30 години на референдум со 72 % излезност дури 91% од граѓаните се изјаснија ЗА суверена и независна Р. Македонија. Тој ден беше организирана голема прослава на плоштадот во Скопје, но славење имало и во другите градови меѓу кои и Охрид. На овој ден треба гордо да се вее македонското знаме. Во Охрид е специфично...