Охридските млади фризери во чекор со модните трендови

Охридските млади фризери на Hair Fear 2018  ја покажаа својата креативност и вештина. Три награди завршија во рацете на охридските фризери. Беа прикажани гламурозни и авангардни женски и машки фризури во неколку дисциплини кои се потврда дека сме во чекор со светската мода.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во силна меѓународна конкуренција под строгото око на врвни светски стилисти, тројца охридски млади фризери се искачија на самиот врв меѓу најдобрите. Охриѓани со својата креативност и вештина на меѓународниот натпревар Hair Fear 2018 покажаа дека сме во чекор со модата и светските трендови. Меѓу 150 фризери од Балканот и Европа во повеќе дисциплини за женски и машки фризури три награди отидоа во рацете на охридските млади фризери. Фризерскиот натпревар беше органзиран од Македонската фризерска асоцијација, а учествуваа фризери од средните фризерски училишта од земјава. Од Св. Наум Охридски од насоката козметичари двајца млади фризери се добитници на прва и втора награда во категоријата за свечени пунџи. Во конкуренција од 40 натпреварувачи во дисциплината свечена пунџа Јован Кароски ја доби првата награда , додека Натали Цаноска во истата категорија го освои второто место. Јован Кароски, прво наградената фризура,  ја изработи под менторство на познатиот охридски стилист Сашко Георгиески. Георгиески вели задоволство е да се пренесува искуството и знаењето на помладите.

„ Навистина ми беше задоволство да работам со прво наградениот кој даде се од себе во сработеното во категоријата свечена пунџа. Му беше прв пат и сакавме да се претставиме во најдобро светло и успеавме во тоа. Јован немаше трема и ја направи беспрекорно фризурата со која оставивме добар впечаток, “, нагласува Георгиески.

Hair Fear 2018 е прв натпревар и голем предизвик и за охридскиот бербер Неат Алим Шогун. Мајсторот е презадоволен од својата креација и покажани вештини. Мајстор Шогун вели ги прати светските трендови во машките фризури и задоволен е од учеството на натпреварот. Тој меѓу 35 машки фризери од Балканот во конкуренција трендовски фризури се котираше мошне високо.

„Настапив со трендовска фризура. Странично стпенесто шишање со седум 7 цм должина на косата. Третирана со препарати. Жирито ме отцени со добра оценка и сум презадоволен со мојот модел. Верувајте конкуренцијата беше премногу јака“, вели задоволно Шогун.

Креациите на младите фризери ги отценуваа стилисти од светски ранг меѓу кои италијанецот Џанкарло Миланезе и од Шведска, македонецот, Сашо Ралевски. Денес, Hair Fear  2018 заврши со шоу програма на фантази, авангардни и гламурозни фризури креации на светски стилисти од Италија, Белгија, Шведска, Грција, Турција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top