8-ми Септември е најсветлиот празник според историчарите

Македонија го слави Денот на независноста. Според историчарите ова е најсветлиот празник, остварување на вековниот сон на многу генерации. Секој град секое село треба да го одбележува овој ден, да се збогатува историјата и традицијата.

 |   | 

8ми Септември е еден од најзначајните и најсветлите празници во историјата на нашата земја. Празник кој го означува остварувањето на вековниот сон на многу генерации, Ден кога е ставен темелот на независноста на државата сметаат историчарите.

На овој ден пред 30 години на референдум со 72 % излезност дури 91% од граѓаните се изјаснија ЗА суверена и независна Р. Македонија. Тој ден беше организирана голема прослава на плоштадот во Скопје, но славење имало и во другите градови меѓу кои и Охрид. На овој ден треба гордо да се вее македонското знаме. Во Охрид е специфично што тоа низ годините наназад го правеле бродарите и кајчарите.

Многу знаеле често и бродарите или кајчарите да прават маршути низ Охридското езеро се со цел да го одбележат овој празник тоа е она што не издвојува се надевам дека и тоа ќе премине и во традиција и ќе бидеме уникатни во таквиот начин на прославување – вели Никола Митровиќ историчар.

Историчарите сметаат дека сите граѓани треба да дадат свој придонес во одбележувањето на Денот на независноста. Да изнаоѓаат различни начини да ја збогатуваат традицијата.

Се прават тури низ Галичица, се вее македонското знаме на врвот Магаро. Имаме севкупно одбележување со разни активности. Пензионерите имаат своја активност дури и во детските градинки децата се запознаваат со значењето на празникот. Охрид го прославува на еден соодветен начин кој го прикажува и историјатот на градот Охрид – додава Митровиќ.

Нашата земја денес одбележува голем јубилеј 30 години независност и суверенитет.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top