• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридскиот сликар Јордан Манасијески ја претставуваше македонската нација на изложбата „Venezia Art Expo“

Охридскиот сликар Јордан Манасијески ја претставуваше македонската нација на изложбата „Venezia Art Expo“

Охридскиот сликар Јордан Манасијески ја претставуваше македонската нација на изложбата „Venzia Art Expo“.

 |  Валентина Неловска  | 

Сликарот Јордан Манасијески со уметничко дело ја претстави македонската нација на Изложбата на нациите на „Venezia Art Expo“. Нашиот еминентен сликар Манасијески ја доби поканата за учество на Венецијанското биенале од 6 мина врвни италијански историчари на уметност кои го следат неговиот творечки опус во сликарството, вели Љупчо Жупан од охридската галерија Букефал.

„Беше голема чест да се биде дел од тој настан. Посебно што овие историчари на уметност подолго време го пратат сликарот Манасијески и едноставно го поканија на тоа биенале да ја претставува македонската нација. Мене ми беше чест да бидам таму затоа што тоа се големи имиња на италијанската сцена. Нивната критика значи и многу го ценат сликарството на Јордан Манасијески и го вбројуваат во новите трендови на сликарството“, вели Жупан.

Нашиот сликар Јордан Манасијески ужива висок углед во светските сликарски кругови. Уметничките критики од италијанските историчари на уметност се позитивни. Тоа е потврда за неговата вистинска вредност со оглед на фактот што доаѓаат од колевката на сликарството и центарот каде што се собират уметници од целиот свет. Помеѓу 170 уметници од целиот свет Манасијески доби интернационално признание.

„Неговите слики влегуваат во интернационалните енциклопедии кои завршуваат во национални музеи. На тој начин Манасијески остава голем печат како македонски уметник чии дела ќе се валоризираат и ќе се потврди неговата уметничка вредност “, посочува Жупан.

Охридскиот сликар Јордан Манасијески покрај учеството на овогодишното Венецијанско биенале „Venecia Art Expo“, со своите единствени уметнички дела бил присутен и на биеналето во Фиренца. Неговите слики се изложувани во европски и светски уметнички галерии во Париз, Бон, Токио, Њујорк, Мајами, Рим, Венеција, Фиренца, Охрид, а добитник е на голем број престижни светски награди од областа на уметноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top