Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид

Активните програми и мерки кои ги спорведувa Агенцијата за вработување на Република Македонија, а посебно поволностите кои работодавачите ги имаат при вработување, во многу ја подобрија сликата за решавање на еден од најголемите социјални проблеми во нашиов град, невработеноста. Но и покрај тоа, според последните податоци од Центарот за вработување бројот на невработени лица во Охрид е во пораст.

 |  Николоска Биљана  | 

Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид. Според последната евиденција на Центарот за вработување, во нашата општина има 6573 лица од кои 3619 се активни баратели на работа. Директорката на Центарот Маја Ташова Биткоска појасни на што се должи зголемениот број на невработени лица.

„Во моментот со опцијата за аплицирање за материјалното обезбедување, невработеноста се зголеми во бројка, бидејќи луѓето кои што не се пријавувале а сега имаат право да го искористат и да го обноват тоа барање за материјално обезбедување по основ на стечај и на технолошки вишок од фирми кои што пропаднале во претходниот период е зголемена бројката“

Директорката смета дека голем удел за ваквата состојба има и слабиот интерес на невработените односно нивната информираност и инволвираност во процесите околу активните мерки за вработување. Биткоска нагласи дека Центарот со целиот расположлив капацитет на активни мерки и човечки ресурси им стои на располагање на невработените лица.

„Но треба и голем фит бек односно интерес од нивна страна и тие да се вклучат во пазарот на трудот односно да побараат секаква помош која што ние можеме да им ја пружиме во текот на аплицирањето или барањето на работа или барање на некоја друга мерка која што е соодветна за нивните потреби и знаења, за да се вклучат полесно на пазарот на труд, тоа е нашата цел, намера и улога во текот на вработувањето и барањето работа на невработените лица кои што се во нашата евиденција“

Биткоска посочи дека сеуште има многу лица кои не се на евидентниот список на Центарот за вработување кои што се невработени. Таа вели дека тоа е нивна индивидуална определба бидејќи сепак пријавувањето не е задолжително и не е Законски регулирано дека секој невработен треба да се пријави, туку дека тоа е по лични убедувања и потреби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top