Post Views: 3
Постапката за доделување концесија за вршење стопански риболов на Охридско езеро е во тек. Додека трае истата и по пат на јавен повик не се избере нов концесионер кој во следните 6 години ќе се грижи за заштита и одржливо користење на рибите, езерото е без концесионер. Дел од екологистите сметаат дека Охридското езеро воопшто не треба да се дава под концесија за стопански риболов. Со езерото треба да стопанисуваат локалните власти на Охрид и Струга, риболов да има само во туристички цели и да не се врши излов додека не се стабилизора рибниот фонд, вели екологистот Лазо...
Post Views: 1
Активностите за санација и ревитализација на Стариот чинар во „Воска“, кои беа предвидени со договорот склучен помеѓу општина Охрид и фирмата „Форест – Фагус“ завршија. Санацијата и ревитализацијата траеше 10 дена.
За зачувување на автентичноста на чинарот беа упоребувани природни материјали, а дополнително дрвото се третираше со заштитни инсектициди и фунгициди. Се очекува по извесен период повторно да се вратат природните карактеристики. Дополнително покрај чинарот е поставена и информативна табла на која се наведени неговата старост од 600 години, како и латинскиот...
Post Views: 2
Во насока на правилно и соодветно информирање на јавноста, должни сме да посочиме на неколку невистини и недоследности искажани на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, реагираат од општина Охрид.
– ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид веќе подолго време ја замајува јавноста преку банални пресови во кои изнесува многу невистини и изместени ставови. Што се однесува до грижата за образованието во Охрид, воопшто не се точни тврдењата дека локалната и централната власт не водат сметка. Баш напротив, во изминатиов период од кога на локална власт е СДСМ беа зголемени блок дотациите,...
Post Views: 11
На дневен ред на градскиот Совет денеска беа разгледувани и усвојувани финансиските извештаи од сработеното на јавните претпријатија за изминатите 6 месеци. Советниците од опозицијата упатија низа критики на адреса на раководствата на претпријатијата за сработеното и гласаа против извештаите. Од говорницата се слушнаа критики и аргументи за и против забелешките. Меѓу критиките упатени за работата на градските јавни претпријатија се слушнаа и забелешки во работата на ЈП Проаква.
„ Генерално немам забелешка на работата на менаџерскиот тим. Но, имам забелешка на работниот...
Post Views: 2
Потребата од нова градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби. Бројот на деца во групите во сите градинки се над законски пропишаните нормативи, засега само во градинката во Пештани функционира според пропишаните стандарди. Денеска градските советнци дадоа согласност во групите да има поголем број на деца од законски пропишаниот стандард.
„ Несомено тоа води кон намалување на квалитетот...
Post Views: 5
Кога се во прашање изумите кои ја одбележале историјата веднаш на ум ви доаѓаат имиња како Никола Тесла, Томас Едисон, Леонардо Да Винчи и Алфред Нобел. Но, сепак има и женски имиња во историјата кои донеле одлични изуми.
Брисачи за автомобили – Mary Anderson далечната 1903 година се сетила дека брисачите на автомобилот би можеле да бидат многу корисни. Шипка со гумен додаток која се прилепува на стаклото ја патентирала една година подоцна. Иако нејзината идеја е вклопена во сериско производство неколку десетици години подоцна, денес не можеме да замислиме возење без...
Post Views: 1
Локалната самоуправа и градоначалникот Стојаноски не се грижат ниту за изнаоѓање форми за поефикасно и поекономично одвивање на образовниот процес, ниту за подобрување на условите во училиштата, обвини портпаролот на охридскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. Со измена на развојната програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2018 – 2020 година, односно со ребалансот на буџетот се намалуваат средствата кои беа предвидени за реконструкција на кровот на ОСУ „Св.Климент Охридски“, посочи Божиновски.
„Како долгогодишен просветен...
Post Views: 6
Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.
Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.
Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14. јуни,...
Post Views: 1
Новиот повик за субвенционирање евтини авиолинии со изменети услови кои ќе треба да ги исполнат авиокомпаниите што ќе достават понуди. Денеска Владата усвои Уредба за начинот и критериумите за доделување субвенции според која авиокомпаниите ќе имаат обврска до 10ти јануари 2019та год да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Во предходниот јавен повик, кој беше поништен, беше предвидено задолжително воспоставување...
Post Views: 0
Трета среќа. Задоволни сме од одлуките на Уставниот суд и очекуваме регуларен изборен процес, изјави претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски. Како што нагласи тој, третиот изборен круг воопшто не е за занемарување и може да има влијание врз конечниот изборен резултат за тоа кој ќе биде прв човек на општина Струга.
„Она што сакавме да и го предочиме на јавноста за нерегуларностите во изборниот процес во Струга конечно излезе на виделина, Упрвниот суд пресуди во полза на вистината, така да се надеваме на трет изборен круг и ќе победи подобриот но на регуларен...
Post Views: 0
На детската градинка „Развигорче“ во Охрид ќе се заменува кровот со што целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој објект. Инвестицијата е во износ од 1.900.000 денари и е дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти. Минатата година во Развигорче беа заменети старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, објектот доби термо фасада, а беа поправени и сменети санитарните јазли, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
„Оваа...
Post Views: 0
Во врска со вчерашната информација во некои од медиумите дека дошло до драстично зголемување на цената на возниот билет на релација Охрид-Скопје, реакција од „АД Галеб“ Охрид. Имено, беше наведено дека во моментов највисока е цената на билетот за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е 930 денари.
Билетот на релација Охрид-Скопје-Охрид во еден правец чини 650 денари, додека повратна карта е 900 денари. Во многу електронски медиуми се појави неточна информација дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на...