• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „АД Галеб“ Охрид : Нема покачување на цената на билетот на релација Охрид-Скопје-Охрид

„АД Галеб“ Охрид : Нема покачување на цената на билетот на релација Охрид-Скопје-Охрид

Во врска со вчерашната информација во некои од медиумите дека дошло до драстично зголемување на цената на возниот билет на релација Охрид-Скопје, реакција од „АД Галеб“ Охрид.

 |   | 

Во врска со вчерашната информација во некои од медиумите дека дошло до драстично зголемување на цената на возниот билет на релација Охрид-Скопје, реакција од „АД Галеб“ Охрид. Имено, беше наведено дека во моментов највисока е цената на билетот за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е 930 денари. 

Билетот на релација Охрид-Скопје-Охрид во еден правец чини 650 денари, додека повратна карта е 900 денари. Во многу електронски медиуми се појави неточна информација дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на релација Охрид Скопје. Вистината е дека Галеб АД Охрид цените на посочената релација последен пат ги менувал на 20.01.2021, односно пред повеќе од една година – велат во реакцијата од „АД Галеб“ Охрид.

Оттаму додаваат дека информацијата е произлезена од лоша интерпретација на изјавата на сопственикот на Автобуската станица Руле Турс Скопје господинот Масар Омерагиќ за повеќе медиуми, додавајќи дека како компанија која негува коректни односи со медиумите, искрено се надеваат дека станува збор за недоразбирање, а не за лоша намера.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top