Post Views: 2
Сигурно барем еднаш ви се случило да пратите порака на погрешна личност, а како за инает, тие пораки обично содржат нешто што не е за сечии очи.
Популарната апликација Viber од сега на сите корисници им нуди можност да ги избришат пораките кои се пратени на погрешно место.
Новата верзија на Viber 5.6.5 овозможува бришење на пораките од разговорите, а со тоа не се остава никаква трага откако ќе се избришат, односно пријателите нема никогаш повеќе да ги видат.
Доволно е да се означи пораката која сакате да се избрише, кликнувате на “delete” и се одбира опцијата “delete...
Post Views: 9
Транспортерите, увозниците, извозниците, производителите и шпедитерите може да аплицираат за добивање уверение за овластен економски оператор. Со уверението кое ќе го издава Царинската управа на РМ ќе се олеснуваат царинските процедури. Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Станува збор за програма која воспоставува партнерски однос меѓу царината и деловната заедница информира Ѓоко Танасоски директор на Управата за Царина на РМ.
„ Погодностите кои ги добиваат...
Post Views: 2
Корисниците на социјална и постојана парична помош трајно ќе бидат ослободени од плаќање на радиодифузната такса со цел подобрување на условите за живот со една давачка помалку.
Ова во средата го соопштија министерите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Диме Спасов и Иво Ивановски, посочувајќи дека помошта на државата за овие семејства е најпотребна.
“Со овие мерки се предвидува околу 40.000 семејства-приматели на социјална парична помош и постојана парична помош, трајно се ослободуваат од обврската да плаќаат радиодифузна такса,...
Post Views: 21
Владата на РМ обезбеди повеќе од шест милиони денари за обесштетување од претрпените штети од јулскиот земјотрес во Охрид од минатата година. Со ова за обесштетување на правните и физичките лица кои пријавиле штети на располагање, општината ќе има 6.451 013 ден. кои ќе бидат префрлени на посебна сметка, а со решение на градоначалникот на Општина Охрид, ќе бидат обештетени 862 објекти од кои 60 се на правни лица, 802 на физички лица.
„Во наредниов период ќе почне исплата на овие средства, според претходно изработениот елаборат од Општинската комиисја за проценка...
Post Views: 1
Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.
„Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите.
Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот...
Post Views: 1
Последната регата за оваа сезона со хуманитарна цел. Котизацијата за учество како и донации од едриличарските тимови ќе бидат наменети за помош за лекување на Сара Настеска. Регатата првично беше најавена за сабота, но од оправдани причини истата ќе се одржи во недела.
Охрид деновиве мобилизиран во знакот на хуманоста. Поединци, институции, фирми спортски настани, хепенинзи, секој на свој начин се обидува да помогне да се соберат потребните 200.000 евра за пресадување на коскена срж во специјализирана болница во Германија на 15-годишната Сара Настеска, која боледува...
Post Views: 0
Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето.
На локацијата се поставени најсовремени реквизити за забава и извршено е соодветно поплочување. Исто така, поставена е специјална гумирана подлога за поголема безбедност.
Претходно, нови детски игралишта беа изградени на пешачката патека кон „Горица“ и во дворот на ООУ „Григор Прличев“. Средствата за изградба на трите игралишта се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Post Views: 5
Општина Охрид одржа втора јавна расправа за реконструкцијата на градскиот кеј. Според проектот шеталиштето ќе се реконструира во должина од еден км од пристаништето до хотел Милениум, а во ширина ќе се продолжи во езерските води за 96 цм . Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра финансиски средства кој ќе се обезбедат за проектот од Светска банка и дел од буџетот на општината.
„ Неопходна е реконструкцијата на кејот. Проектот е одобрен од сите институции, од Управата за заштита на културното наследство, од Министерството за животна средина , изработен е елаборат за...
Post Views: 0
Во недела, (28 октомври) со почеток во 11 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи детски хуманитарен хепенинг за помош на 15годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра. Ќе настапат „Весели бисерчиња“, изведувачи од „Распеано рибарче“, музичките таленти на ОМУ „Методи Патче“, а куклениот театар при образовниот центар „Atlas World“ ќе ја изведе претставата „Си беше еднаш“.
Истиот ден, во Спортската сала „Билјанини Извори“, ќе се одржи голем хуманитарен хепенинг на кој ќе настапат...
Post Views: 7
Археолози од Сај Арк на македонските колеги и архитекти им ги презентираа методите и технологиите кои ги користат при дигитализирање на културното наследство. Дигиталното документирање ќе почне на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Археолозите од Сај Арк со својата работа ќе им помогнат на луѓето кои работат со управување и зачувување на културното наследство во обезбедување на инжинерски цртежи и детални мапи кои ќе помогнат во активното управување со локалитетите. Експертите од Сај Арк, непрофитна организација од САД, ќе користат различни технологии, дронови ,...
Post Views: 7
На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти.
Во таа насока, општина Охрид со поддршка на општината Зејтинбурну ќе започне со разгледување на проектот „Изнајмување на паметни велосипеди“. Општината Зејтинбурну, ќе даде логистичка поддршка при скенирањето на условите.
Доколку индикаторите од скенирањето бидат позитивни, проектот ќе се реализира со што градот за прв пат ќе добие модерен еколошки превоз.
Post Views: 2
Оваа година веројатно ќе биде најтоплата година од прединдустриската доба, објави во Женева Светската метеоролошка организација (WMO).
Поради глобалното затоплување и силниот феномен Ел Нињо просечните глобални температури оваа година ќе бидат за еден степен над оние забележани помеѓу 1880 и 1889 година, објави климатската агенција на Обединетите нации.
Површината на океаните, исто така, достигнале рекордни температури, а концентрацијата на штетни гасови во атмосферата го преминале прагот од 400 честички на милион во оваа година.
“Тоа се лоши вести за планетата”, рекол...