Лоши вести за планетава

Незабележано во последните 135 години

 |  инфодеск  | 

Оваа година веројатно ќе биде најтоплата година од прединдустриската доба, објави во Женева Светската метеоролошка организација (WMO).

Поради глобалното затоплување и силниот феномен Ел Нињо просечните глобални температури оваа година ќе бидат за еден степен над оние забележани помеѓу 1880 и 1889 година, објави климатската агенција на Обединетите нации.

Површината на океаните, исто така, достигнале рекордни температури, а концентрацијата на штетни гасови во атмосферата го преминале прагот од 400 честички на милион во оваа година.

“Тоа се лоши вести за планетата”, рекол генералниот секретар на WMO, Michael Jarraud на претставувањето на прелиминарната годишна проценка пред климатските преговори договорени во Обединетите нации, а кои ќе се одржат во Париз.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top