ЈП Охридски Комуналец со позитивни резулатти

Post Views: 4 Изминатава година јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ бележи позитивни резултати и покрај тешкиот почеток и наследените долгови. Претпријатието издвои средства за инвестиции во вредност од 8,5 милиони денари за специјални возила за собирање на комунален отпад, компјутерска опрема и алати. Оваа година „Охридски Комуналец„ во соработка со локалната ќе пристапи кон темелно решавање на проблемот со бездомните кучиња  согласно сите позитивни законски прописи, истакна на денешниот отчет директорот на јавното претпријатие Љупчо Грданоски. „Набавена е опрема за заловување;...

Continue reading

По 70 години забрана излегува книгата на најголемиот злосторник на човештвото

Post Views: 0 По 70 години забрана, во Германија повторно ќе биде издадена книгата на еден од најголемите злосторници на човештвото, Адолф Хитлер, Mein Kampf. Сепак тоа ќе биде поинаква верзија бидејќи книгата ќе содржи и 3.500 забелешки на четворица академици кои му контрираат на идеите на Хитлер за антисемитизмот, нацизмот и геноцидот. Книгата е напишана за време на неговите затворенички денови во 1924 година и позната е како своевиден нацистички политички манифест на омразата спрема Евреите и ширењето на Германија. Mein Kampf прв пат е испечатена во 1933 година. Издавачките права...

Continue reading

Божиновски: Градоначалникот Стојаноски им должи извинување на граѓаните

Post Views: 3 Планот за живот на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски остана само мртво слово на хартија, лажен памфлет со кој ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Принуден да даде отчет за невработеното Стојаноски го потврди своето недомаќинско и неодговорно работење, кажа денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ,  Перчо Божиновски. “Единствено нешто што „Ќе градоначалникот“ успеа да го направи е неефикасното менаџирање на Општината со тоа што на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволи средствата за таа намена...

Continue reading

nesrekja

Четворица припадници на единицата „Јастреби“ загинаа во хеликоптерска несреќа

Post Views: 4 Засега е исклучена можноста дека станува збор за диверзија, а точните причини за падот на хеликоптерот ќе бидат утврдени по испитувањето на црните кутии. Началникот на полициската хеликоптерска единица” Јастреби” и дел од раководниот кадар на единицата се жртвите во вчерашната хеликоптерска несреќа кај Струмица, потврди МВР. Министерот Јанкулоска со солзи во очите го соопшти идентитетот на настраданите и изрази длабоко сочувство до нивните семејства. Причините за хеликоптерската несреќа што се случи во четврток вечер во Струмица сé уште се утврдуваат, а леталото...

Continue reading

ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето

Post Views: 7 ЈП Градски пазар изминатава година бележи добри финансиски резултати. Зад нас оставаме тешка година во услови кога во тек е изградбата на затворениот современ пазар, но сме максимално ангажирани со домаќинско работење да се намалат сите проблеми во претпријатието, напоменува Кристина Крлеска Деспотоска дирeктор  на  ЈП Градски пазар. „ ЈП во споредба со минатата година има зголемување на приходите по сите основи. Најмногу од дневната пазаришна такса со 100 проценти приход. Исто така и расходните ставки на претпријатието се сведени на минимум. Трошоците на претпријатието...

Continue reading

ribi

Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка

Post Views: 58 1000 парчиња автохтона речна пастрмка денес запливаа во Вевчанска река. Ова порибување беше спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга, под надзор на Инспекторатот за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура. Од таму велат дека ова порибување не е единственото кое ќе биде спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“. „Ова порибување е само дел од годишниот план кој го има предвидено риболовното друштво за порибување на риболовниот ревир кој го имаме под концесија. Во наредниот период ќе продолжи порибувањето и на...

Continue reading

Со пумпи за вода ќе се спасува плашицата во каналот од угинување

Post Views: 1 Во каналот Студенчишта се случува помор на плашица.  Дваесет тони риба која е влезена во каналот за да презими, може да останат заробени и да угинат поради недостаток на кислород како последица на намаленото ниво на езерото. Состојбата е загрижувачка велат од Хидробиолошкиот завод. „Веќе се известени локалните власти, и заедно со надлежните служби односно ЈП Водовод, ЈП Нискоградба ќе се набават црпни пумпи за вода и ќе се постават по должината на каналот и ќе овозможат аерација односно распрснување на површината на водата. “- изјави Елизабета Велјановска Сарафилоска...

Continue reading

Северна Кореја потврди дека тестирала балистичка ракета

Post Views: 6 Северна Кореја потврди дека тестирала балистичка ракета со среден дострел, способна да стигне до американската територија Гуам, што претставува најзначајното лансирање оружје на државата во последните години. Пјонгјанг изврши рекордни седум тестови на оружје од почетокот на годината додека се закани дека ќе се откаже од самонаметнатиот мораториум за лансирање на оружје со долг дострел и нуклеарно оружје. Тестот на Хвасонг-12 беше дизајниран да ја оцени ракетата и нејзината точност – соопшти официјалната севернокорејска централна новинска агенција. Висок американски...

Continue reading

Пијте кафе и учете за Охрид

Post Views: 14 Испијте кафе и научете нешто повеќе за урбаната историја на Охрид. Од неодамна во дел од охридските угостителски објекти покрај кафето ќе добиете и испишана порака со „Факти за Охрид“ креирана од охридскиот историчар, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе. Податоците кои се испишани на тоа мало парче хартија убаво спакувано, покрај за едукација допринесуваат да се развие дополнителна тема на разговор меѓу оние кои седнале да испијат кафе. Засега интересот е навистина голем. Ова беше еден пилот проект кој го направив во временски период кога во Охрид нема многу туристи се...

Continue reading

Охриѓанец нападнат од непознато лице

Post Views: 3 На 21.09.2021 година во 23.30 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен од засега непознато лице врз П.П.(69) од Охрид.   Се презема мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – иформираат од СВР Охрид.

Continue reading

На сцената на „Охридско лето“ ќе се врати балетот и балетските претстави

Post Views: 2 Се кројат планови за 59тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Директорката на оваа Национална установа, Наташа Поповиќ вели дека контактите со многу светски познати уметници се во тек и дека и новото издание на фестивалот ќе понуди квалитет и настани за сечиј вкус. Поповиќ кажува дека на сцената на „Охридско лето“ ќе се врати балетот и балетските претстави бидејќи малку се подзаборавени, а публиката особено помладата сака да види еден таков културен настан. Од оваа година публиката ќе има можност да види балетски претстави. Нормално од помал карактер, но не и со...

Continue reading

Охридскиот градоначаланик даде очет за сработеното

Post Views: 7 Јован Стојаноски, охридскиот градоначалник, даде отчет за првата година од неговиот мандат. Во изминатиов период работевме посветено за подобрување на условите во сите сфери на општественото живеење, рече Стојаноски во своето обраќање пред присутните во преполната општинска сала. Градоначалникот наброја бројни проекти и изготвени стратегии со кои ќе се развива градот, менаџирањето со јавните претпријатија за финансиска консолидација како и раздолжувањето на општината. Во низата проекти се преземаат активности за разрешување на еден од најгорливите комунални проблеми...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top