Охридскиот градоначаланик даде очет за сработеното

 Охридскиот градоначаланик даде очет за сработеното. Во изминатава година во услови на финансиски презадолжена општина посветено работеле на подобрување на условите во сите сефри од општественото живеење  на охриѓани. Градоначалникот и соработниците ставиле акцент на  три сегменти : стратешки пристап за равој на градот, консолидција на јавните претпријатија и раздолжување на општината. 

 |  Валентина Неловска  | 

Јован Стојаноски, охридскиот градоначалник, даде отчет за првата година од неговиот мандат. Во изминатиов период работевме посветено за подобрување на условите во сите сфери на општественото живеење, рече Стојаноски во своето обраќање пред присутните во преполната општинска сала. Градоначалникот наброја бројни проекти и изготвени стратегии со кои ќе се развива градот, менаџирањето со јавните претпријатија за финансиска консолидација како и раздолжувањето на општината. Во низата проекти се преземаат активности за разрешување на еден од најгорливите комунални проблеми на градот лоциран во колекторскиот систем, истакна Стојаноски.

„ За одржување и реконструкција на овој капитален комунален објект на општините Охрид и Струга кои немаат доволно финансиски средства и затоа веруваме дека со системот на управување кој ќе го преземе владата на РМ и со формирање на ЈП ќе имаме модерен колекторски систем . Ние ќе продолжиме со активности за користење на средства од странски фондови заедно со трансгранични проекти за заштита нa Охридското езеро и сливното подрачје на Охридското езеро, напомена Стојаноски.

Покрај бројните активности преземени за подобрување на инфраструктурата во градот, градоначалникот, ги напомена и проектите за заштита на Студенчишкото блато и неговото ставање во функција, расчистување на депонијата Мауцкер, изградба на стационар за напуштени кучиња, консолдацијата на 3 деценискиот долг кој го има основното училиште Григор Прличев. Стојаноски во својот отчет напомена дека ЈП Билјанини извори, Проаква, Градски гробишта, Нискоградба, Комуналец со модернизација и рационализација во работењето на службите успеваат да излезат од долгогодишниот финансиски ќорсокак.

„ Консолидацијата на ЈП беше наша многу важна работа. Со правилно менаџирање и изготвена стратегија за работа обезбедена е финансиска консолидација на охридските јавни претпријатија, кои за едногодишен период бележат пораст во приходите и намалување на трошоците по сите основи“, подвлече Стојаноски.

Стојаноски најави и финансиска консолидација на општината која треба да се случи со помош на владата. Раздолжувањето на општината ќе зависи од капацитетот на државниот буџет и политиките на централната власт која се заложи за финансиско подмирување на 51 посто од основниот долг општината, кажа во своето обраќање пред присутните граѓани и соработници градоначалникот Јован Стојаноски . Паралелно со работата на приоритетните горливи проблеми на општината секојдневно се работеше на подобрување на условите за живот на граѓаните. Асфалтиравме повеќе улици, градевме тротоари и патеки, нова водоводна и канализациона мрежа и реализиравме уште мноштво комунални проекти, потенцираше Градоначалникот. Повтори дека стојат на ветувањето општината да биде континуирано отворена за соработка и во служба на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top