Божиновски: Градоначалникот Стојаноски им должи извинување на граѓаните

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ пак, велат дека охридските јавни претпријатија наместо високодоходовни претпријатија постанувале загубари. Ова денеска го кажа портпаролот Перчо Божиновски  на прес конференција како реакција на вчерашниот отчет на градоначалникот Јован Стојаноски.

 |   | 

Планот за живот на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски остана само мртво слово на хартија, лажен памфлет со кој ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Принуден да даде отчет за невработеното Стојаноски го потврди своето недомаќинско и неодговорно работење, кажа денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ,  Перчо Божиновски.

“Единствено нешто што „Ќе градоначалникот“ успеа да го направи е неефикасното менаџирање на Општината со тоа што на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори. Со парите на граѓаните има само враќање камати и долгови. Зошто свесно се дозволи извршување од општинската сметка средства од над 1 милион евра, а над 1 милион проблеми на граѓаните ЌЕ почекаат подобри времиња?“ – праша  Божиновски.

Јавните претпријатија наместо високодоходовни претпријатија стануваат загубари, нема нови градинки, болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен.  Нема ни трага, ни глас од Младински културен центар, Дом за пенизонери, обвини Божиновски.
„Нема асфалтирани улици, градење тротоари и патеки, нова водоводна и канализациона мрежа. Функционирањето на колекторскиот систем е во колапс, нема заштита на Студенчишкото блато, образованието е со антиреформи, здравството тоне, сообраќајот во хаос. Останаа само партиските вработувања и политички реваншизам. Листата на лаги е долга и го потврдува вашиот стил на неработење за кој Ви порачуваме ,,дела, а не зборови”.

Наместо да зборуваме за реализирани проекти, гледаме само назадување и неработење. Нема никакво подобрување на условите за живот на граѓаните. Проектите кои беа почнати во минатото се блокирани, а ветените проекти се само предизборна измама, кажа Божиновски. Додаде дека градоначалникот Стојаноски им должел извинување на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top