ЈП Охридски Комуналец со позитивни резулатти

ЈП Охридски Комуналец изминатава година финанасиски се консолидира и инвестира во основни средства за дејноста.  Покрај извршување на задачите согласно програмите за работа ова јавно претприајтие ќе биде ангажирано и за темелно решавање на проблемот со бездомните кучиња  а му предстои и реализацијата на проектот за производство на биогориво од отпад.

 |   | 

Изминатава година јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ бележи позитивни резултати и покрај тешкиот почеток и наследените долгови. Претпријатието издвои средства за инвестиции во вредност од 8,5 милиони денари за специјални возила за собирање на комунален отпад, компјутерска опрема и алати. Оваа година „Охридски Комуналец„ во соработка со локалната ќе пристапи кон темелно решавање на проблемот со бездомните кучиња  согласно сите позитивни законски прописи, истакна на денешниот отчет директорот на јавното претпријатие Љупчо Грданоски.

„Набавена е опрема за заловување; Во соработка со компанијата „EcoSpar„ изготвени се 5 големи кафези за заловените кучиња. Со овие кафези ќе се зголеми постоечкиот капацитет на стационарот. Набавени се две возила за заловување кои ќе функционираат во рамките на стационарот за кучиња, лоциран во месноста Мауцкер, а во тек е постапката на Локалната самоуправа за избор на стручно лице-Ветеринар кој понатака ќе врши третман на заловените кучиња во стационарот.„- Љупчо Грданоски – дир ЈП „Охридски Комуналец“

Изминатиов период набавени се 200 контенјери, 95 нови садови за ситен отпад во централното градско подрачје и фреквентни локации; во стариот дел од градот се заменети старите канти а поставени се и нови. За подигнување на степенот на хигиена на јавните површини, воведена е трета смена во централното градско подрачје. Во соработка со локалната самоуправа поставени се јавни тоалети, наброја Грданоски во отчетот.

„Во доменот на работа на „Комунална хигиена„ во соработка со локалната самоуправа извршено е мапирање на градот за поставување на 15 нови подземни контејнери и 10 прес контејнери. Извршена е санација на пристапниот пат во депонија „Буково„. По иницијатива на општина Охрид од Министерството за животна средина добиени се средства во вредност од 2.500.000,00 денари за чистење на локалитетот Мауцкер каде интензивно се работи на расчистување на теренот.  Интензивно се реализира Програмата за расчистување на диви депонии на територијата на општина Охрид за 2018 год. и веќе во првите шест месеци се рализирани 80% активности од сите реализирани активности во цела 2017 год.“ – истакна Грданоски.

Претпријатието по налог на локалата ги исчисти речните  корита на територија на општината, споведе акции за подигање кабаст и зелен отпад , се одржуваа сите сообраќајници во зимски услови со посебен акцент на стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев„ (Бараки) и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони, потенцира директорот. Засадени се 80.000 садници сезонско цвеќе, формирани се нови дрвореди и извршено е дополнување на постоечките со 500 декоративни садници од видот јасен, јавор и црвена слива . Претпријатиетио учествуваше во реализација на  еко-акции за чистење на градот и во неколку наврати им излезе во пресрет на граѓаните во расчистување и санирање на штети од обилните врнежи кои го зафатија охридскиот крај. Во периодот кој предстои претпријатието ќе работи и на имплементација на проект „Одржливо управување и третман на био-отпад„  финансиски поддржан од ИПА за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

„Ј.П.„Охридски Комуналец„ како проектен партнер ќе треба да набави и инсталира пилот-станица за производство на биогориво од био-отпад кој го собира претпријатието на територијата на општина Охрид. Во меѓувреме распишавме тендер за изработка на ЛУПД за просторот каде што треба да биде сместена фабриката за преработка на био-отпад.Времетраењето на проектот е 03.08.2018 год.-02.08.2020 год.“ – најави директорот.

Во поглед на финансиското работење  намалена е задолженоста на претпријатието а во првите 10 месеци од 2018 год. зголемена е наплатата по основ комунални услуги. После 4годишна пауза на вработените им е исплатен регрес за годишен одмор и прекината е праксата во зимскиот период вработените да се пуштаат на принуден одмор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top