Post Views: 5
Јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување на тротоарските површини и атмосферска канализација на кружниот тек на Бул. „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“.
Поставена е атмосферска канализација Ф-200 во должина од 45 метри со собирни шахти, а воедно просторно се уредува површина со бехатонска подлога на 350 м2.
Post Views: 0
Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
Овој извештај нуди анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во однос на принципите на транспарентност, свесност, пристапност...
Post Views: 7
Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга. Најбројни и оваа година ќе бидат гостите од Србија и Бугарија, но ќе има и од Албанија, Грција и западноевропските земји. Туристички работници задоволни од најавената посетеност. Најголемиот број хотели и приватни апартмани се веќе резервирани.
Исполнетоста е добра и тоа е показател дека цените на хотелите и рестораните се коректни. Е сега има некои гости на кои им се високи, а има и такви на кои им се ниски. Но, ако аранжманите се добро продадени тоа значи дека се коректни, вели Крсте Блажески, претседател...
Post Views: 9
Д-р Константин Георгиески е нов вршител на должност градоначалник на општина Охрид. Георгиески функцијата ќе ја обавува до распишување на предвремените локални избори кои најверојатно ќе се заедно со претседателските на пролет. По прераната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и запазување на законската простапка Советот на општината пристапи кон избор на вршител на должност. Константин Георгиески како досегашен заменик градоначалник беше предложен и избран од охридските советници. Не сум среќен и задоволен што во вакви околности сум избран за градоначалник, но ветувам...
Post Views: 8
Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.
На вонредната седница на советот на Општина Охрид што се одржа денеска, Константин Георгиевски инаку координатор на советничката група на СДСМ од Охрид со 15 гласа „За“ е избран за вршител на дејност градоначалник на Општина Охрид.
после смртта на градоначалникот Општина Охрид испрати известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54...
Post Views: 1
Град во Италија привремено го забрани традиционалниот начин на печење на пици за да се намали загадувањето на воздухот, пренесува BBC.
Со одлука на градоначалникот на Сан Виталиано, град во близина на Неапол, е забрането користење на фурни и печки на дрва во пицериите и пекарите додека сопствениците не постават посебни филтри за намалување на загадувањето.
Мерката е донесена поради “големата загриженост” со влошувањето на квалитетот на воздухот. Забраната ќе ја контролира полицијата, а оние кои ќе ја прекршат би можеле да бидат казнети со илјада евра.
Лошиот квалитет...
Post Views: 3
ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.
“Новогодишната детска бајка” како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ Св. Климент Охридски имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски...
Post Views: 0
Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.
Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години.
Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град...
Post Views: 2
Корпите за смет кои беа вандализирани викендов се повлечени со цел ако може да се санираат. Контејнерите се вратени во првобитна положба, а отпадот е расчистен. Урбаната опрема вчераутро беше мета на несовесни граѓани кои дивееле и вандалски се однесувале во центарот на Охрид. Превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“. И контејнерите по улиците „АСНОМ“, булевар „Туристичка“, „Егејска“ и „7-ми Ноември“ се превртени, а отпадот бил расфрлан по коловозот, тревните површини...
Post Views: 5
Зголемен е бројот на случаи на дискриминација при вработувања, обелоденуваат од НВО Езерка, Струга. Недолични интервјуа се прават за продавачка или за вработување во обложувалница, вели Драгица Павлеска Попеска од ова невладина организација. Според неа ова појава во приватниот сектор била се повеќе изразена барем според изјавите кои ги слушнале од жртвите на дискриминација, кои доаѓале во нивната канцеларија. Колку години имаш, е најчесто поставуваното прашање, потенцира Попеска.
„Во државниот сектор се конкурира ама на конкурсот не пишува да биде помлада од 30 години...
Post Views: 3
Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица.
„ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди...
Post Views: 4
„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува...