Константин Георгиевски избран за в.д. градоначалник на Охрид

Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.

 |   | 

Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.

На вонредната седница на советот на Општина Охрид што се одржа денеска, Константин Георгиевски инаку координатор на советничката група на СДСМ од Охрид со 15 гласа „За“ е избран за вршител на дејност градоначалник на Општина Охрид.

после смртта на градоначалникот Општина Охрид испрати известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Вршител на должност градоначалник се избра за да може локалната да функционира. Од општината велат дека со скратени рокови тоа ќе се случи до крајот на годината или почетокот на новата година. Георгиевски беше предложен од страна на советникот Ристо Булоски.

Константин Георгиевски ќе ја извршува функцијата в.д. градоначалник до изборот на нов градоначалник на предвремени избори, кои најверојатно ќе се одржат оваа пролет заедно со претседателските.

Избори за Градоначалник распишува Собранието на Република Македонија кое покрај за Охрид треба да распише избори и за општините Дебар и Ново Село.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top