Охридските лозари ја продолжуваат вековната традиција на Св.Трифун

Post Views: 0 Охридските лозари ја продложуваат вековната традиција на празникот Св. Трифун. Тие со убави желби и молитви ги закроија пенушките во лозовите насади и ги залеаја со вино. На Чекоштина лозов насад одгледува Ратко Савиќ. Тој пред повеќе од 3 децении на старо лозје засадил шпалир со нови пенушки од сортите прокупец и памит. За овој пензионер одгледувањето на лозјето е големо задоволство и рекреација, а на овој ден му започнува работата во лозјето се до бербата на грозјето. „ Никогаш не сум го прескокнал овој ден да не дојдам во лозјето. Сега натежнале годините, но за тоа...

Continue reading

kajmakoski

Кајмакоски спектакуларно дочекан во Мислешево

Post Views: 1 Даниел Кајмакоски вчера се врати во родното место Мислешево, струшко. Над 5000 илјади фанови на победникот на првиот регионален „Х – Фактор, му приредија спектакуларен дочек“. Еуфорија, солзи, хистерија, радост, беше дел од атмосферата на присутните, но и емоциите на Кајмакоски беа големи. „Мислам дека повеќе имав трема да дојдам дома него на Х-Фактор финалето, таму бев многу опуштен, овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели меѓу својте луѓе е стварно нешто посебно“- вели Кајмакоски. После краткиот престој во Македонија, како што изјави Кајмакоски, тој се враќа во...

Continue reading

Денеска се слави Светиот маченик Трифун

Post Views: 0 Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето. Ако на празникот Свети Трифун паѓа дожд, сливата ќе има добар род. Кај народот...

Continue reading

Во Волино се одржа Јавна расправа за проектот за реставрација на река Сатеска

Post Views: 1 Неодамна во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца. На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино. Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата. Со проектот се предвидува...

Continue reading

Кој ќе се офајди од петте најатрактивни охридски плажи?

Post Views: 1 Седум месеци после наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на охридското крајбрежје општината нема склучено договори за закуп. Старите концесионери ги користат плажите без никаква закупнина а градот трпи штети, обвинија советниците од опозицијата во градскиот совет. Постапката за издавање на плажите по објавениот јавен оглас на општината, во моментов е во жалбена постапка пред Второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, велат од локалната самоуправа. Додаваат дека секоја информација во однос на истата, би била нецелосна и...

Continue reading

Пецаков : Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива

Post Views: 1 Гарантираме проекти за промени – проекти за победи. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години, порача денеска на прес конференција, Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од Коалицијата „За обнова на Македoнија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.  Пецаков посочи дека со аргументите за изборните програми ќе настапат во наредните денови во натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид. Со знаење и програма во која се реално остварливи проектите гарантираме нивно исполнување, а охриѓани знаат дека можат целосно да ни веруваат....

Continue reading

Ќе се ревитализира и заштити стариот охридски чинар

Post Views: 1 За чинарот на плоштадот „Чинар“ кој е во лоша состојба, Општина Охрид побара и доби посебна дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) за имплементација на мерките за санација и ревитализација. За таа цел е во тек тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување на чинарот. Одделението за заштита и влијание врз животната средина, согласно Законот за заштита на природата покрена иницијатива за препрогласување на охридските чинари за споменици на природата.За...

Continue reading

Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово

Post Views: 8 Денеска и утре се денови на национална жалост поради тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак. Одлуката беше донесена на синоќешната вонредна владина седница. Премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе бидат донесени и одлуки за поддршка на семејствата на починатите. Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, а според досегашните официјални податоци во неа загинаа 14 лица. Автобусот што...

Continue reading

Чинарот пропаѓа додека чека на санација и препрогласување за Споменик на природата

Post Views: 1 Вековното старо дрво во кое е вткаена  вредна историја , Охридскиот Чинар – споменик и паметник на војни , победи и падови, местото  каде се градела историјата на градот со години  е оставен на забот на времето. Наместо заштита, како што беше предвидено со елаборатот пред две години, дрвото е во очајна состојба, секојдневно се распаѓа пред очите на јавноста. Чинарот е природна реткост и потребна е итна ревитализација. Охриѓани апелираат до надлежните да не дозволат симболот  на градот  да биде уништен. „Многу жално да пропаѓа. Ова е препознатливо дрво, симбол на...

Continue reading

Во првата недела од 2016 најбогатите луѓе во светот изгубија 194 милијарди долари

Post Views: 2 400 најбогати луѓе во светот во првата недела од 2016 година изгубија околу 194 милијарди долари откако вредноста на акциите на берзата паднаа поради најавата за падот на економијата на Кина и падот на цената на нафтата, пишува Bloomberg. Во првата недела од оваа година најмногу изгуби основачот на Amazon, Jeff Bezos, дури 5,9 милијарди долари, бидејќи вредноста на акцијата на Amazon падна за повеќе од 10%. Bill Gates, најбогатиот човек на светот изгуби 4,5 милијарди долари, додека Шпанецот и сопственик на Zara, Amancio Ortega, вториот најбогат човек на светот, 3,4 милијарди...

Continue reading

Во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, се започна со изградба на спортска сала

Post Views: 13 После долгогодишните најави во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, се започна со изградба на спортска сала, која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид. Спортската сала е објект со големина од 650м2 комплетно опремена со потребните спортски реквизити,а динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови.Предвидено е таа да биде пуштена во употреба со почетокот од следната учебна година. Како составен дел на истиот проект предвидена е замена...

Continue reading

prezzentacija

Презентирана туристичката понуда на Охрид во Прага

Post Views: 2 Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за ТЛЕР  во Прага одржа презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни тур оператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа, и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top