Пецаков : Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива

Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива, им порача на охриѓани Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Да ги земеме работите во свои раце и да започнеме да создаваме нова иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што посакуваме и каква што заслужуваме, потенцира Пецаков на денешната прес конференција.

 |   | 

Гарантираме проекти за промени – проекти за победи. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години, порача денеска на прес конференција, Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник од Коалицијата „За обнова на Македoнија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.  Пецаков посочи дека со аргументите за изборните програми ќе настапат во наредните денови во натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид.

Со знаење и програма во која се реално остварливи проектите гарантираме нивно исполнување, а охриѓани знаат дека можат целосно да ни веруваат. Секоја уличка, секое место, секоја врата за време на кампањата се наша обврска затоа што ние сме секогаш со народот и за народот. Да ги земеме работите во свои раце и да започнеме да создаваме нова иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што посакуваме и каква што заслужуваме – истакна Пецаков.

Пецаков најави промена на системот на вредности кои владеат и лошото однесување. Со проектите за развој Охрид ќе се доближи до европските градови и држави, додаде тој посочувајќи дека потребна е победа на духот над малодушноста и верба во квалитетот на народот.

1:12 „Заедно да направиме професионализирана и ефикасна администрација. Економски силна општина за подобар животен стандард на сите. За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место, нови инвестиции, економски раст и развој на стопанството – вели кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

Време е за промени, проекти и победи кои носат нова и светла иднина, потенцира Пецаков и побара од своите сограѓани на 17-ти октомври да го направат вистинскиот избор заокружувајќи го бројот 7 за светла иднина на Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top