Кој ќе се офајди од петте најатрактивни охридски плажи?

Седум месеци после наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на охридското крајбрежје општината нема склучено договори за закуп.

 |   | 

Седум месеци после наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на охридското крајбрежје општината нема склучено договори за закуп.

Старите концесионери ги користат плажите без никаква закупнина а градот трпи штети, обвинија советниците од опозицијата во градскиот совет. Постапката за издавање на плажите по објавениот јавен оглас на општината, во моментов е во жалбена постапка пред Второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, велат од локалната самоуправа. Додаваат дека секоја информација во однос на истата, би била нецелосна и шпекулативна. Локалната самоуправа ќе чека до конечното завршување на истата, за да ги регулира односите со сите заинтересирани страни.

На наддавањето за издавање на плажите под концесија во јули минатата година, беа достигнати вртоглави суми за закуп кои се движеа и до 100 000 евра годишно. Плажите се издаваа под закуп за период од 5 години а почетната цена за метар квадратен беше 90 денари.

Во иднина почетните цени за наддавање ќе бидат највисоки постигнати цени на последното наддавање за парцелата. Тоа е содржано во Предлог-програмата од област на располагање со градежно земјиште во сопственост на државата со која се определуваат и цените на плажите кои се предмет на издавање под краткотраен закуп по пат на јавно наддавање или непосредна спогодба, која ја изгласаа советниците на поседната седница на Совет.

Предходно од опозициската ВМРО ДПМНЕ ја обвинија локалната власт за несовесно однесување и негрижа за охридското крајбрежје.Советникот Кирил Пецаков на седницата а предходно и советничката Лидија Петкоска посочија дека поради намера или неодговорно однесување на општинската администрација во предлог програмата биле наведени и до два пати пониски цени од предходно усогласените и изгласани од од вмро дпмне и од сдсм.

Направен е превид во изготвувањето на програмата за градежно земјиште во поглед на цените. Пецаков е во право, кажа раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов, додавајќи дека при тоа немало намера.

Донесената програма за располагање со државно земјиште што го опфаќа и менаџирањето со плажите ќе важи се додека не се донесат законските измени со кои државата ќе си ги врати плажите под своја надлежност. Средставата кои се влеваат во општинската каса од закупот на плажите после тоа нема да се намалат односно и понатаму 80% ќе бидат за општината 20% за државата, објаснува Арнаудов.
Инаку враќањето на плажите во рацете на државата беше најавено неодамна од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Министерот на трибина во Охрид на 1ви февруари кажа дека се изработува закон кој треба да стапи на сила од март со којшто државата ќе ги преземе ингеренциите од општините Охрид и Струга над плажите на Охридското Езеро. Дали државата ќе ја поништи постапката за издавање на најатрактивните плажи која е заглавена и кој ќе стопанисува со плажите летово, останува да видиме.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top