Post Views: 7
Викендов во Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување изведуваше интензивни тренинзи во нуркање, со пиротехнолози од тимот за подводно деминирање.
Тренинзите за подводно деминирање, се одвиваа на повеќе локации во водите на езерото, а меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој е дел од тимот истакна дека овие нуркања претставуваат редовни активности на тимот, со цел да се подобри подготвнеоста на нуркачите во секое време и во сите амбиентални услови да интервентираат по повик од Дирекцијата за заштита и спасување.
Post Views: 0
При сообраќајни контроли извршени на 01.10.2021 од 15 до 19 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина за движење со моторно возило во населено место.
Регистриран е и еден возач кој, надвор од населено место, управувал патничко моторно возило со поголема брзина од дозволената – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 8
Лазе Таневски, претседателот на Општинската организација на СДСМ презентираше дел од предизборната програма на Константин Георгиески. Тој се осврна на развојот на туризмот, потенцирајќи ја важноста на мерките на централната власт во делот на воспоставување дирекни чартер летово од охридскиот аеродром преку кои Охрид станува поврзан град преку целата година, што значително влијае врз бројот на туристи и остварени ноќевања. Ја напомена и важноста на промовирањето на Охрид на меѓународните саеми преки Агенцијата за промоција на туризамот. Но локалната треба да работи на...
Post Views: 0
Екипите на МЈП „ Проаква“ – РЕ „ Водовод“ денес отпочнаа со замена на стара и дотраена водоводна линија со нова, на два крака од улицата „ Илинденска“ во с. Лескоец, со што ке се подобри водоснабдуванјето на населението и воедно ке се намалат досегасните загуби предизвикани од дотраеноста на постоечката линија.
Во исто време ќе се дадат и нови приклучоци на корисниците.
Post Views: 5
Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
-Најискрено ви го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, посакувајќи ви успех и просперитет како на личен така и на план на заедницата . Вашата традиција , култура и начин на живеење се нераскинлив дел од нашето секојдневие и од македонското мултиетничко општество. На овој ден празнуваме за различностите но и за евалуација на степенот на вклученост на ромите во општественото...
Post Views: 1
Кога се во прашање Justin Bieber, Taylor Swift, PSy, Katu Perry или Adele воопшто не е чудно нивните видео спотови да се прегледани преку милијарда пати на YouTube каналите, но кога се викаат Маша и Медвед, а притоа се анимирани ликови, тогаш тоа навистина е голем успех.
Маша и Медвед не се ниту Американци, тие се Руси. Маша е анимирано девојче, а Медвед е анимирана мечка. Тие се ликови на турбо популарниот цртан филм кој се вика “Маша и Медвед”.
17-та епизода од оваа популарна анимирана серија има повеќе од една милијарда и 130 милиони прегледи на YouTube.
Може да...
Post Views: 7
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрланиот комунален отпад на патниот правец Охрид-Скопје на потегот од „Петља„ до с.Подмоље.
Со акцијата се започна од раните утрински часови-од 5 часот, а во акцијата учествуваа 8 комунални работници. Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај с.Подмоље до стариот пат Охрид-Струга. За жал и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини.
Post Views: 5
Актерот Васил Шишков почина ненадејно во Скопје. Тој е син на легендата на македонското актерство Ристо Шишков.
Роден е 1970 година во Скопје, а на театарската сцена се појави во 1991 година.
Има настапувано во повеќе македонски филмови, а последната негова улога на филм беше во „Сенки“ на Милчо Манчевски. Шишков има глумено и во серијалот „Македонски народни приказни“ и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.
{loadposition content9}
Post Views: 15
На аеродромот Св. Апостол Павле викендов во Охрид со воден топ во форма на виножито и торта пречекани 174-те патници кои пристигнаа од Цирих, најголемиот град во Швајцарија, со авионот Ербас 320 на Edelweiss.
На оваа директна линија ќе оперира авиокомпанијата Edelweiss, водечка туристичка авиокомпанија во Швајцарија, со база на аеродромот во Цирих. Како сестринска компанија на Swiss International Air Lines и член на Групацијата Луфтханза, Edelweiss лета до 70 дестинации во 32 земји ширум светот, а со воведувањето на линијата Цирих-Охрид-Цирих, патниците можат да изберат...
Post Views: 7
Три малолетни деца се спасени од давење во вчерашното невреме кое е ја зафати Струга. Стружанчињата пред хотел Дрим изнајмиле педалинка која подоцна ја зафатило силно невреме. Децата под налетот на силниот ветар ја загубиле контролата врз педалинката која била носена кон албанските територијални води.„ Со патролен чамец езерската полиција изврши пребарување на езерскиот квадрант каде се забележани трите малолетници. Во педалинката на оддалеченост на 1, 5 km од езерскиот брег наспроти хотел Бисер. Во разговорот со полициските службеници трите малолетници покажале...
Post Views: 8
Владимир Каневчев поранешниот претседател на охридскиот огранок на Обединети за Македонија, која пред неполн месец се распушти, го повика поранешното членство и симпатизерите како и сите незадоволни и изманипулирани членови и гласачи од големите партии, да го поддржат Михаил Трендафилов Нанче за Градоначалник на Охрид. На Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек а не неми извршители на ситнопартиските интереси, кажа Каневчев.
„Сигурни сме дека Нанче може да ги обедини сите прогресивни, висококвалитетни кадри, целокупната интелигенција во Охрид...
Post Views: 1
Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода” во Охрид.
Според непотврдени официјални информации, станува збор за М.М. поранешна припадничка на полициската служба, на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.
Причините за настапувањето на смртта односно околностите во врска случајот ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен уште во текот на вчерашниот ден. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обд...