Казнети уште 11 возачи во Охрид

СВР Охрид спроведе сообраќајни контроли, а притоа казнети се 11 возачи кои ја надминале дозволената брзина за движење со моторно возило.

 |   | 

При сообраќајни контроли извршени на 01.10.2021 од 15 до 19 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина за движење со моторно возило во населено место.

Регистриран е и еден возач кој, надвор од населено место, управувал патничко моторно возило со поголема брзина од дозволената – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top