• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Лазе Таневски, претседателот на О.О. на СДСМ презентираше дел од предизборната програма на Константин Георгиески

Лазе Таневски, претседателот на О.О. на СДСМ презентираше дел од предизборната програма на Константин Георгиески

Тој се осврна на развојот на туризмот и потребата од изградба на современи туристички капацитети.

 |   | 

Лазе Таневски, претседателот на Општинската организација на СДСМ презентираше дел од предизборната програма на Константин Георгиески. Тој се осврна на развојот на туризмот, потенцирајќи ја важноста на мерките на централната власт во делот на воспоставување дирекни чартер летово од охридскиот аеродром преку кои Охрид станува поврзан град преку целата година, што значително влијае врз бројот на туристи и остварени ноќевања. Ја напомена и важноста на промовирањето на Охрид на меѓународните саеми преки Агенцијата за промоција на туризамот. Но локалната треба да работи на планско и стратешко подобрување на условите за развој на нови форми на туризам и туризам надвор од шпицот на сезоната, потенцира Таневски.

„Затоа, во соработка со туристичкиот сектор во Охрид, предвидуваме креирање на мерки за унапредување на квалитетот и содржината на туристичкиот производ. Веќе се изработува нова Стратегија за развој на туризам, а планирана е и подготовка на нов концепт за развивање и промоција на здравствениот, спортскиот, верскиот и конгресниот туризам“, рече Таневски.

Промовирањето на Охрид како атрактивна дестинација вклучува и организација на атрактивни манифестации надвор од летната сезона, како и настани за промоција на алтернативен туризам како што се посета на руралните подрачја, планинарење, велосипедски тури, летање со параглајдери, нуркање и спортови со пловни објекти.

„Ние ги препознаваме приоритетите за развој на Охрид и цврсто сме определени да работиме посветено за да ги постигнеме и реализираме сите зацртани цели! Охрид има огромни потенцијали, но само низ заедничка соработка може да го направиме светска туристичка дестинација“, рече Таневски.

Уникатните туристички потенцијали на Охрид во последните неколку години се надополнети и со поголема понуда на современи сместувачки капацитети, кои заедно со долгата туристичка традиција, создаваат услови за развој на модерен туризам. Токму развој на модерен туризам и продолжување на сезоната е заложбата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески, порачаа од СДСМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top