• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поддршка за Михаил Трендафилов Нанче од поранешното раководство на Обединети за Македонија Охрид

Поддршка за Михаил Трендафилов Нанче од поранешното раководство на Обединети за Македонија Охрид

Поддршка за Михаил Трендафилов Нанче за Градоначалник на Охрид од поранешното раководство на Обединети за Македонија. Нанче е Човек со широк и праведен дух, човек кој може да биде во вистинска смисла на зборот, татко на градот, кажа Владимир Каневчев. Трендафилов се заблагодари на поддршката и потенцира дека  на Охрид, му треба обединување како воздух, вода и слобода.

 |   | 

Владимир Каневчев поранешниот претседател на охридскиот огранок на Обединети за Македонија, која пред неполн месец се распушти, го повика поранешното членство и симпатизерите како и сите незадоволни и изманипулирани членови и гласачи од големите партии, да го поддржат Михаил Трендафилов Нанче за Градоначалник на Охрид.  На Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек а не неми извршители на ситнопартиските интереси, кажа Каневчев.

Сигурни сме дека Нанче може да ги обедини сите прогресивни, висококвалитетни кадри, целокупната интелигенција во Охрид и од двете најголеми партии, па и од сите етнички заедници кои егзистираат во Охрид и конечно од Охрид да направи град кој ќе блесне со својата природна светлина.“ – изјави  Владимир Каневчев.

Го поздравувам овој гест, оваа поддршка на оние кои веруваа во големата идеја на Обединети за Македонија и се уште веруваат во обединување, но кое го гледаат преку ГДУ ,кажа Михаил Трендафилов Нанче.

„Во овие моменти на тотална расцепканост во општеството, дебела поларизација, наша цел е обединување и здружување на сите прогресивни сили, без разлика на партиската определеност. На Македонија и е потребна Унија. Охрид е на пат да му се случи Кичево и Струга од 2004 година. Двете партии СДСМ и ДПМНЕ единствени се само по тоа прашање.  Распродаваат без усул! И да повторам, на Охрид, Македонија му треба обединување како воздух, вода и слобода.“ – кажа Трендафилов Нанче – кандидат за Градоначалник на Охрид од ГДУ.

Нанче е народен, чаршиски човек, опкружен и почитуван од многу граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или било која припадност. Човек со широк и праведен дух, човек кој може да биде во вистинска смисла на зборот, татко на градот, кажа Владимир Каневчев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top