В.Д.ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ГО ЧЕСТИТА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Вршителот на должност градоначалник  Константин Георгиевски по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

 |   | 

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

-Најискрено ви го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, посакувајќи ви успех и просперитет како на личен така и на план на заедницата . Вашата традиција , култура и начин на живеење се нераскинлив дел од нашето секојдневие и од македонското мултиетничко општество. На овој ден празнуваме за различностите но и за евалуација на степенот на вклученост на ромите во општественото живеење.

Почитувањето на човековите права, социјалната правда и еднаквите можности на сите граѓани отсекогаш биле и ќе бидат основа во нашето општествено функционирање. Посакувам и понатаму сите заедно и посветено да продолжиме да придонесуваме во развојот и напредокот на нашиот град и татковина. Посакувам уште долги години да го прославувате овој празник во добро здравје, среќа и напредок – стои во честитката на в. д градоначалникот Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top