Post Views: 2
Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во пресрет на Велигденските и првомајски празници, упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи.
Во услови кога во Охрид веќе бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централнотоградско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување напропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот...
Post Views: 7
Крвава ноќ во Вевчани. Вевчанци се во шок и неверување по двојното убиство кое се случи синоќа во 21 часот и 30 мин. Крвавиот инцидент на летната бавча во кафеаната Пјаца каде што беше убиен сопственикот на угостителскиот објект Владо Попески на 43 годишна возраст и неговиот дваесет години помлад пријател Матеј Ѓурчески, вевчанци, со огорченост го коментираат. Тие и денеска сеуште не можат да си дојдат на себе после синоќешниот злостор.
„Цело село го потресе настанот, има двајца мртви и двајца ранети. Нашето село е мирно и досега не се памети таков злочин. Ова што...
Post Views: 0
ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на 28 април, недела, користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите.
-Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник. – информира ЈП „Билјанини Извори“, кое на граѓаните од православна вероисповед им го честита Велогден.
Post Views: 7
Денешниот ден се смета за најтежок празник кај христијаните, на денешен ден е распнат Исус Христос. Познат е како Велики петок, Велипеток или Распет петок.
Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на Ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале...
Post Views: 1
Во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ изминатиов период интензивно се работеше на подобрување на условите за реализирање на наставната програма. Учениците и персоналот добија објект уреден по најсовремени европски стандарди. Менаџерскиот тим на училиштето спроведе низа проекти за усовршување на условите за работа.
Во објектот целосно е променет инвентарот и набавена е нова опрема за сите кабинети и училници во кои има нови клупи, столчиња, табли, интерактивни табли, интерактивни панели. Во кабинетите по здравствена струка и во кабинетите по економско-правна и трговска струка...
Post Views: 2
Со години немилосрдно се уништува појасот на трската во Охридското езеро. Доколку тоа не запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите. Но, на нивните повици несовесните граѓани останаа глуви. Глуви се и институциите кои цели осум години немаат извршено никакви истражувања, испитувања и анализи на состојбата со трската вдолж охридското крајбрежје.Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби, а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите, ...
Post Views: 1
Првиот круг од локалните избори заврши, на запад ништо ново, се е веќе видено, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче кој според освоените гласови не успеа да влезе во вториот круг од изборите. За гласовите кои ги доби, рече дека тоа се 1700 кристално чисти охридски бисери, гласови богатство, бисери кои му давале за право да мислаи дека во Охрид конечно се раѓа нешто ново, дека изгрева зората на слободата.„ Вистината сите ја сакаат но повеќе и веруваат на лагата, сметам дека со тоа се е кажано. Се чувствувам...
Post Views: 0
На 23 годишниот Мартин од Струга потребна му е помош од сите хумани луѓе. Поради повреда на рбетниот мозок, на Мартин потребно му е лекување со матични клетки во Русија, третман кој трае две години, на секои три месеци.
Станува збор за терапија со матични клетки, за чиешто успешно спроведување се потребни 150.000 евра, кои треба да се соберат во најкраток можен рок со цел Мартин повторно да застане на нозе.
Post Views: 1
Новиот бренд на виски со името и логото на Lehman е дело на лондонскиот претприемач James Green, кој во соработка со дестилерии во Јужна Каролина и Шкотска создаде пијалок со три вкусови за луѓето да можат да го почуствуваат “комплетниот вкус за најголемиот банкрот во историјата на Wall Street”.
“Snapfire” е млад виски, полн со вкус, кој би требало да евоцира спомени на колапсот на финансискиот систем. “Ashes of Disaster” е нешто потемен и спрема зборовите на Green покајнички, додека третиот “Evergreen” има нота на оптимизам и претставува повторно раѓање.
Британската...
Post Views: 15
На охридскиот плоштад Крушевска Република се одржа традиционалниот Велигденски базар.По шести пат пред големиот христијански празник Велигден се одржува манифестација на која може да се почустуваат духот на традицијата и обичаите од охридското поднебје поврзани со прославата на овој празник.
За овогодишната организација на Велигденскиот базар се погрижи ЈП „ Градски пазар“, а со поддршка на Локалната самоуправа. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески беше во обиколка на големиот број штандови каде што беа изложени изработки од охридски занаетчии и сувенири од охридските...
Post Views: 1
Препораките се однесуваат на заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење.
-Да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење.
-За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.
– Резервите вода наменети за употреба задолжително да се превријат најмалку 15 минути.
-Водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.
-Заматената вода да не се користи...
Post Views: 3
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ организира голем велигденски концерт на кој настапи вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Белград, Република Србија.
Програма беше составена според значењето на Великата Седмица во која се наоѓа православниот христијански свет, со духовна музика од српски и руски композитори. Црковната акустика даде дополнителен амбиент и измами бурни овации и бисеви за ансамблот со кој диригираше маестро Ѓорѓе Станковиќ.
-Првата половина од програмата со која настапивме беше заснована...