ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА НАСТАВА ВО СОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ изминатиов период интензивно се работеше на подобрување на условите за реализирање на наставната програма. Учениците и персоналот добија објект уреден по најсовремени европски стандарди. Менаџерскиот тим на училиштето спроведе низа проекти за усовршување на условите за работа.

 |   | 

Во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ изминатиов период интензивно се работеше на подобрување на условите за реализирање на наставната програма. Учениците и персоналот добија објект уреден по најсовремени европски стандарди. Менаџерскиот тим на училиштето спроведе низа проекти за усовршување на условите за работа.

Во објектот целосно е променет инвентарот и набавена е нова опрема за сите кабинети и училници во кои има нови клупи, столчиња, табли, интерактивни табли, интерактивни панели. Во кабинетите по здравствена струка и во кабинетите по економско-правна и трговска струка набавени се  нагледни средства, како и нагледни средства за спорт. Вредноста на проектот е 2.096.420,00 денари.

Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 640.959 денари, реконструирани се сите санитарни јазли за ученици и наставници.

Училиштето може да се пофали и со нови компјутери за настава со учење од далечина. Вредноста на проектот е 393.750,00 денару со вклучен ДДВ.

Поставена е и локална мрежана инсталација (LAN) стабилен оптички интернет во училишната зграда, а вредноста е 267.106,00 со вклучено ДДВ.

Во вредност од 1.336.022,00 денари заменета е надворешната столарија на спортската сала и училниците.

Во сите простории и спортската сала е извршен молерај. Санирани се оштетените делови од просториите, а отстранета е и дотраената ламперија. Поставени се и нови внатрешни врати од училниците. Вредноста на проектот е 417.484,00 денари.

ЈП „Нискоградба“ работеа на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Поставени се цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Општина Охрид. Екипи на ЈП „Градски гробишта“ работеа на оградување на училишниот двор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top