Eдна деценија не се направени никакви истражувања и анализи на состојбата со трската

Скоро една деценија не се направени никакви истражувања, испитувања и анализи на состојбата со трската вдолж охридското  крајбрежје. Појасот трска кој е природен био филтер  континуирано се уништува. Доколку тоа не се спречи на езерото му се заканува еколошка катастрофа.

 |  Соња Рилковска  | 

Со години немилосрдно се уништува појасот на  трската во Охридското езеро. Доколку тоа не  запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите.
Но,   на нивните повици несовесните граѓани  останаа глуви. Глуви се и институциите кои цели  осум години немаат  извршено никакви истражувања, испитувања и анализи на состојбата со трската вдолж охридското  крајбрежје.
Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби,  а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите,  спалени гнезда.
„Во уништените комплекси штетата е веќе направена. Некои краповидни риби особено крапот, плашицата и други кои  тука се мрестеле веќе ги напуштиле тие живеалишта мрестилишта  а некои птици кои тука живеат и се гнездат исто така ги напуштиле тие живеалишта. Значи штетата е веќе направена а сето тоа влијае на вкупниот биодиверзитет на Охридското езеро“ , вели д-р Марина Талеска од Хидробиолошкиот институт.
Трската е природен  био филтер на езерото таа го прочистува од загадување. За да се запре масовното уништување  потребно е  одбележување на трската со  едукативни табли ,  но и преку трибини и флаери подигнување на јавната свест кај граѓаните.
„Да се преземат мерки за заштита. Да се постават табли, да се организраат трибини за подигање на јавната свет на населението од општините Охрид и Струга кои се  најмногу засегнати. Од последното излегување на терен морам претходно да напоменам дека ова сечење и палење на трската се повторува секоја година пред почетокот на вегетациониот период. Така и годинава имаше поизразено опожарувања и при нашите ислзеугања го констатиравме тоа го фотографиравме и писма испартивме до владата на РМ и до минсиетсртото за животна средина и просторно планирање“, додава Талеска.
Минатит месец на 8-ми март проблемот со трската  бил презентиран и пред Републичката комисија на Унеско. Заклучоците и одлуките кои биле донесени, се уште  не се почитуваат. А не е формирано ниту надзорно тело за следење на состојбата.

„После нашето излагање пред  републичката комисија на Унеско беа донесени одредени препораки и заклучоци односно главно е дека трската како значаен расттелен вид треба да се заштитува и дека во најскоро време ќе се презематсоодветни емрки за заштите акои ке ги спроведуваат ресорните министерства. Притоа ние предложивме да се формира надзорно тело во кое ќе бидат вклучени претставници од ресорните министерства да има и експерти од хидробиолошкиот завод да ја следат состојбата“, додава Талеска.
Во Охридското езеро има стотина комплекси на трска, кои секојдневно се на атак на несовесните граѓани, кои пак во потрага по профит изградба на плажи и  узурпација ги прошируваат приватните имоти.

Последните мерења на трската се направени во 2011-та година, претходно истражување имало во 1985 година, но тие податоци денес  не се веродостојни, бидејќи трската масовно се уништува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top