skolo

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен

Post Views: 10 Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен, информира претседателот на РО на Сонк  од Струга, Демирчани Реџепи. Тој посочи дека кон наставниците се приклучиле  и нивни колеги кои не се членови  на синдикалната организација. Децата инаставнците доѓаат на училиште, но нстава не се одржува. Според, најновите измени на  Законот за образование во случај на штрајк заменски наставници во општинските училишта  за оние кои ќе штрајкуваат треба да обезбеди градоначалникот, а за државните ресорното министерство.  ТВМ го контактираше директорот на најголемото струшко...

Continue reading

Нова подобрена верзија на апликацијата „Мој ДДВ“

Post Views: 7 Со цел да се постигне уште подобра функционалност на апликацијата мојДДВ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени. Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија. Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички...

Continue reading

(ВИДЕО) Спасувачите сè поблиску до детето кое падна во бунар во Мароко

Post Views: 2 Започнаа хоризонталните ископувања во рамки на спасувачката акција на петгодишното момче Рајан, кое паднало во бунар длабок 32 метри во градот Шефшауен, Мароко, јави Агенцијата Анадолија. Спасувачите очајнички се обидуваат да стигнат до момчето, а сега е соопштено дека дојдено е до последната фаза од операцијата. Тие работеле цела ноќ за да стигнат до детето. Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна. Според последните информации, на спасувачите...

Continue reading

„Форми во црно” на Мице Јанкуловски

Post Views: 2 Утревечер во во 20:00 ч. во музеј „Куќата на Робевци” во Охрид ќе се отвори изложбата „Форми во црно” на Мице Јанкуловски. Изложбата ќе ја отвори д-р Мелани Зеферино, Италија, автор на текстот „Формите во царството на естетската меморија” за творештвото од „Форма 3” на Мице Јанкуловски. Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал различни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи различни материјали и техники, вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови....

Continue reading

Млади охриѓани ќе патуваат во NASA Kennedy Space центарот во САД

Post Views: 4 Четири млади девојки и едно момче од Охрид, студенти на возраст од 21 до 23 години од тимот TeamySeed се победниците на националниот хакатон. Во рамки на Националното финале на натпреварот тие го презентираа своето решение за одгледување зеленчук во вселената и ја освоија главната национална награда – Патување во NASA Kennedy Space центарот. Студентите ќе имаат можност да присуствуваат и на полетување на ракета кое е планирано за почетокот на 2022 година, а заедно со второпласираниот тим AstriX се во конкуренција и за глобална награда од NASA за што одлучувањето ќе...

Continue reading

Со помош од УСАИД ќе се реновира основното училиште во Лескоец

Post Views: 1 Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец. Ова беше заклучено на работниот состанок на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со претставниците на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески и директорката на ОУ „Ванчо Николески“, Елена Ел Нади. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид, основното...

Continue reading

Нападнатиот професор Иљази се огласи за причините

Post Views: 8 Професорот на Штуловиот универзитет Иљаз Иљази бил физички нападнат од советникот Нефи Усеини. Покрај ударите кои 60 годишниот Иљази ги добил по телото и главата добил и закани за убиство. Иљази претходно не го познавал Усеини. Инцидентот се случил по одстранување на див приклучок за вода. Жителите од двете згради во кои е и викенд станот на Иљази во населбата Далјан, со недели имале слаб притисок на вода. Иљази како претседател на куќниот совет барал од МЈП Проаква одстранување на проблемот. Службите од водовод утврдиле дека станува збор за див приклучок на водоводната...

Continue reading

Светски познатиот сопран Инва Мула настапува вечерва во Св. Софија

Post Views: 1 Почестена сум што повторно имам покана за настап на Фестивалот Охридско лето , фестивал со 59 годишна долга традиција, рече оперската ѕвезда Инва Мула пред вечерашното гостување. Тоа значи дека станува збор за сериозна институција која се грижи за уметницте и уметонсота . Сум настапувала на овој фестивал 2-3 пати и се сеќавам на прекрасниот магичен амбиент во црквата Св. Софија ,а се надевам дека вечерва уште повеќе тоа ќе го потенцираме . „ Среќна сум што не настапувам сама туку со колегита Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцкоски. Добро е да не се настапува сам. Кога пеете добро...

Continue reading

Киднапиран е авион на EgyptAir на Кипар

Post Views: 4 Авион на египетската авио-компанија EgyptAir е киднапиран по полетувањето од аеродромот во Александрија и слетал на Ларнака во Кипар. Сеуште не е познато кој го киднапирал авионот, ниту причината за киднапирањето. Аеродромот во Ларнака е затворен, а другите летови се пренасочуваат. Спрема пишувањата на порталот SigmaLive, киднаперот ги пушта жените и децата и побарал војската и полицијата да не се приближуваат до авионот. Новинските агенции наведуваат од извори на компанијата и египетската влада дека авионот кој летал кон Каиро го киднапирал најмалку едно вооружено лице. ...

Continue reading

Интернационалниот младински оркестар BISYOC, кој за првпат престојува во Македонија

Post Views: 3 Интернационалниот младински оркестар ќе одржи низа концерти почнувајќи од вторник 30.07. па се до недела, 04.08.2019 година. Имено,овој оркестар, како што стои во нивната биографија, промовира највисок степен на културна и социјална интеракција помеѓу младите луѓе од различни земји – преку создавање квалитетна музика заедно. Нивните почетоци датираат уште од 2001 година, кога диригентот Џулијан Гибонс, го формира оркестарот во Бедстоун, Велика Британија, како еден музички летен камп. Неговата цел била да ги собере младите луѓе со различни музички цели и способности...

Continue reading

pari

Регресот за годишен одмор, повторно предмет на преговори

Post Views: 0 Работодавачите и синдикатите разговараат за регресот за годишен одмор, токму една година од неговото применување. Работодавачите предлагаат износот на К-15 и начинот на неговото исплаќање да не се договара на државно ниво, туку тоа да го прават гранковите синдикати и работодавачите или компаниите и синдикатот на ниво на компанија. Предлогот на организацијата на работодавачи е исплатата на К-15 да биде доброволна, а прифатлив е и договорот на ниво на компанија. Синдикатите пак велат дека ќе го бранат регресот за одмор и не го прифаќаат неговото укинување. Според ССМ,...

Continue reading

Заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца

Post Views: 0 Со впечатливиот настап на групата „Сарај“ од Охрид во кој доминираше староградската песна и доделување на благодарници и признанија на помагателите на културно – забавното лето вчеравечер заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца. Вчера се одржа и традиционалната прошетка низ Националниот парк Галичица по патеката Чоколско. Во неделата вечерта беше заокружена првата работилница по модерен танц во организација на Студиото „Соната“ од Охрид а како бонус програма беа прикажани и два документарни филмови сврзани со Охрид и Трпејца. Културно – забавното лето „На зајдисонце“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top