(ВИДЕО) Спасувачите сè поблиску до детето кое падна во бунар во Мароко

Започнаа хоризонталните ископувања во рамки на спасувачката акција на петгодишното момче Рајан, кое паднало во бунар длабок 32 метри во градот Шефшауен, Мароко, јави Агенцијата Анадолија.

 |   | 

Започнаа хоризонталните ископувања во рамки на спасувачката акција на петгодишното момче Рајан, кое паднало во бунар длабок 32 метри во градот Шефшауен, Мароко, јави Агенцијата Анадолија.

Спасувачите очајнички се обидуваат да стигнат до момчето, а сега е соопштено дека дојдено е до последната фаза од операцијата.

Тие работеле цела ноќ за да стигнат до детето. Комплексната операција трае со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.

Според последните информации, на спасувачите им остануваат уште помалку од два метра да стигнат до детето, но копаат со раце поради страв од одрон.

Оваа фаза е најважна и најсложена – рече Абделхади Темрани, еден од спасувачите.

Речиси сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи – додаде Абдесалам Макуди, еден од водачите на операцијата.

И покрај страшниот пад, снимка од камера спуштена во бунарот покажува дека момчето останало живо и свесно, иако има полесни повреди на главата.

Потсетување, спасувачите му фрлиле маска со кислород, храна и вода во бунарот, а медицинска екипа е подготвена да му помогне на момчето на самото место. На местото на настанот пристигнал и хеликоптер кој откако ќе биде извлечен од бунарот, ќе го пренесе Рајан во болница.

Преносот во живо може да го проследите на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top