Светски познатиот сопран Инва Мула настапува вечерва во Св. Софија

 Пијано придружбата  ќе биде на Генц Тукиќи, а заедно со Мула ќе настапат македонските уметници Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцкоски. Големата оперска дива очекува помагична атмосфера  и радост што ќе се поделат емоциите со   нејзините македонски колеги.  

 |  Валентина Неловска  | 

Почестена сум што повторно имам покана за настап на Фестивалот Охридско лето , фестивал со 59 годишна долга традиција, рече оперската ѕвезда Инва Мула пред вечерашното гостување. Тоа значи дека станува збор за сериозна институција која се грижи за уметницте и уметонсота . Сум настапувала на овој фестивал 2-3 пати и се сеќавам на прекрасниот магичен амбиент во црквата Св. Софија ,а се надевам дека вечерва уште повеќе тоа ќе го потенцираме .

Среќна сум што не настапувам сама туку со колегита Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцкоски. Добро е да не се настапува сам. Кога пеете добро е да се поделат емоциите, да се поделат различни гласови и емоции. И сигурна сум дека ќе има заедничка синергија“, истакна Мула.

Пијано придружбата на вечерашниот концерт е на маестро Генц Тукиќи. Тој е познат композитор , солист, професор по музика во Париз. Тукиќи и Мула заедно настапувале на бројни светски концерти и соработуваат скоро 3 децении. За разлика од оперската дива Тукиќи е за прв пат на фестивалот, а годстувал два пати во Скопје. Среќен е што настапува на фестивалот на кој пред 4 децени на Охридско лето гостувале неговиот татко и таткото на Инва Мула.

Сакам да кажам дека пред 4 децини тука настапувал мојот татко и фестивалот има посебни импресии за мене. Вечeрашниот настап е посебно емоцианално доживување за мене. Со цел да ја продоложам традицијата која ја негуваше мојот татко“, рече Тукиќи.

На сцената во Св.Софија заедно со Мула ќе настапат македонските оперски пејачи Ѓорги Цуцковски и Дешира Ахмети. Тие и претходно настапувале со оперската дива на Мајските оперски вечери. Цуцкоски ќе настапува во три арии, а Ахмети ќе има неколку дуети со Мула.

Ние сме среќни со колегата Ѓорѓи, како уметници од Македонската опера и балет што неколку години соработуваме со Инва. Таа беше поканета на мајските оперски вечери. Јас прв пат настапувам на магичната сцена на Св Софија, на престижниот фестивал Охридско лето. Со Инва ќе имаме убави дуети на изборот кој го направи Мула за вечерашната програма“, кажа Ахмети.

„ Како македонски уметник Охрид и Охридско лето за мене имаат специјално значење. Повозбуден сум денес отколку кога настапувам на пореномирани светски сцени. Вечерва во публиката ќе се престижни македонски уживатели на сериозната музика“, напомена Цуцкоски.

За вечерашното гостување на светски познатата сопранистка Инва Мула има голема интерес. Концертот ќе го следат љубители на класичната музика од целиот регион, нагласуваат од Фестивалот Охридско лето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top