Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен.

 |  Валентина Неловска  | 
skolo
skolo

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен, информира претседателот на РО на Сонк  од Струга, Демирчани Реџепи. Тој посочи дека кон наставниците се приклучиле  и нивни колеги кои не се членови  на синдикалната организација. Децата инаставнците доѓаат на училиште, но нстава не се одржува.

skoloСпоред, најновите измени на  Законот за образование во случај на штрајк заменски наставници во општинските училишта  за оние кои ќе штрајкуваат треба да обезбеди градоначалникот, а за државните ресорното министерство. 

ТВМ го контактираше директорот на најголемото струшко основно училиште Јосип Броз Тито , Тони Савески. Савески информираше  дека од 95 наставници од центарлното и трите подрачни училишта штрајкуваат половината, а учениците во поголем број доаѓаат во училиште. Савески  до Секторот за образование во ЛС доставил списоци за да се обезбедат заменски наставници.

Директорот на средното училиште д-р Ибрахим Темо, Муча Џеладин, кажа дека штрајкуваат 60 наставници. Професорите доѓаат на училиште, а учениците денес на настава  дошле во помал број.   Од подрачната единица на Државниот просветен инспектор за образование направиле увид во училиштата каде што се штрајкува. Директорката на Државниот просветен инспекторат Надица Николоска остана недостапна за коментар како ќе се решава  прашањето со заменските наставници  во пракса. Вчера пак, градоначалникот Зијадин Села се прознесе дека е невозможно  да се најдат стотина заменски професори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top