Заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца

Со впечатливиот настап на групата „Сарај“ од Охрид во кој доминираше староградската песна и доделување на благодарници и признанија на помагателите на културно – забавното лето вчеравечер заврши осмото „На  зајдисонце“ во Трпејца.

 |   | 

Со впечатливиот настап на групата „Сарај“ од Охрид во кој доминираше староградската песна и доделување на благодарници и признанија на помагателите на културно – забавното лето вчеравечер заврши осмото „На зајдисонце“ во Трпејца.

Вчера се одржа и традиционалната прошетка низ Националниот парк Галичица по патеката Чоколско. Во неделата вечерта беше заокружена првата работилница по модерен танц во организација на Студиото „Соната“ од Охрид а како бонус програма беа прикажани и два документарни филмови сврзани со Охрид и Трпејца. Културно – забавното лето „На зајдисонце“ со впечатливата програма и настапот на уметниците и останатите содржини ги собра пофалбите од гостите и трпејчани кои заедно уживаа на отворената сцена и бесплатните случувања.

Манифестацијата и годинава ја помогнаа Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Охрид, како и бројни спонзори и донатори од Трпејца, Охрид и Скопје. Следна поголема активност на Здружението „За Трпејца со љубов“ организатор на зајдисонцето во Трпејца е втората Интернационална уметничка колонија планирана за почетокот на септември со уметници од Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија и поддржана од Општина Охрид. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top