Post Views: 1
Најмалку 17 цивили загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми.
Според сириската државна телевизија, во автомобилот имало околу 200 килограми експлозив. Експлозијата се случила во близина на еден безбедносен објект на патот кон аеродромот, на крстосницата која води до светилиштето Сит Зејнаб, популарно меѓу шиитските верници од Иран и Либан.
Очевидците тврдат дека безбедносните сили го оградиле местото на експлозијата. Единицата за борба против тероризмот започна истрага за да го утврди идентитетот...
Post Views: 9
Фудбалерите на ФК Охрид на домашен терен утре ќе ги пречекаат противниците од струмичкиот ФК Беласица. Изминативе 40 дена поминаа во знакот на интензивни подготовки па охридските фудбалери ветуваат добра игра. Спортскиот директор, Александар Мартиноски ги покани љубителите на фудбалот утре на СРЦ Билјанини извори. „Да дојдат и да не поддржат. Ние за возврат ќе им понудиме добра игра и забава, а ќе извојуваме и прва победа оваа сезона“, кажа Мартиноски.
„Ние како стручен штаб сме задоволни од периодот на подготовки. Со сите сили ќе одиме на добри резултати. Играчите...
Post Views: 5
Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија (вкупен долг во кој освен јавниот се вбројува и долгот на фирмите, осигурителни друштва, банки…) изнесува 6,1 милијарда евра, покажуваат новите податоци на Народната Банка. Во споредба со салдото на крајот од 2014 та година, надворешниот долг се зголемил за 230,8 милиони евра.Ако се анализира стуруктурата, најголем дел од долгот или 2 милијарди евра се на име на државата, следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, а зад нив се банките и Народната...
Post Views: 0
Иран планира наскоро да лансира ракета за носење сателит во орбитата, според иранските медиуми.
На средбата со преставници на иранската заедница во Њујорк, претседателот Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран наскоро ќе истрела ракета со 16 мотори, способна да изнесе сателит вo орбитата, на височина од околу 650 километри.Сателитот веројатно ќе биде телекомуникациски или истражувачки, за потребите на метеорологијата, забележаа светските агенции. Иран досега не споменувал дека има планови за лансирање во орбитата на сателити со воена цел.
Техеран, овој месец, соопшти дека...
Post Views: 9
Правилникот е донесен во средината на минатиот месец, а ќе почне да се применува од почетокот на септември и има за цел малите производители легално да ги продаваат своите производи за кои ќе ги гарантираат барањата за безбедност на храната.
-Фармерите и малите производители сега ќе можат да произведуваат производи од животинско потекло согласно условите што треба да ги исполнат и нема да зависат од откупувачите, бидејќи ќе може да ги пласираат до крајните потрошувачи или да ги понудат во некој маркет. Целта е да се олесни, односно да можат директно да ги пласираат своите...
Post Views: 0
Пронајдено безживотно тело во атарот на струшкото село Драслајца. Случаен минувач, вчера околу 17 часот, во месноста викана Дупки пронашол леш во напредна фаза на распаѓање. Телото е пронајдено во близина на реката Сатеска.
Случајот е веднаш пријавен во полиција.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга.
По наредба на Јавен обвинител безживотното тело е испратено на обдукција на Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот , информираат од СВР Охрид.
{loadposition...
Post Views: 0
Исламистичката група која ја презеде одговорноста за нападот врз хотелот „Мариот“ во Исламабад, се закани со нови напади ако Пакистан не ја прекине соработката со САД.Во телефонска порака до новинари, групата „Федаин ал ислам“ го споменува сопственикот на „Мариот“ по име.
„Сите оние, кои ги олеснуваат американските и натовските крстоносци како сопственикот (Саддрудин) Хасуани, ќе продолжуваат да добиваат удари“, се истакнува во пораката, напишана на англиски јазик.
Данската служба за разузнавање и безбедноср соопшти вчера дека нејзин службеник загинал во бомбашкиот напад...
Post Views: 4
„Културата и културните содржини во Охрид ниту со Константин Георгиески, ниту со Зоран Заев одат напред. Во НУЦК „Григор Прличев“ катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси и вработени во институцијата“, истакна на денешната прес конференција портпарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Перчо Божиновски. Го запрашаа директорот Горан Симоновски дали стручно управување значи да се дискредитира работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените.
„Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и...
Post Views: 6
Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД истражува во четири од главните финансиски институции во земјата, чиј финансиски крах придонесе администрацията на Џорџ Буш за да го изготви планот за спасување, во вредност од 700 милијарди долари, пренесоа светските агенции.
Агенциите се повикуваат на американските медиуми кои цитираат двајца анонимни претставници на организации за заштита на правата на граѓаните.
ФБИ проверува дали има можни измами во двата американски хипотекарни гиганти „Фани Меј“ и „Фреди Мак“, врз кои контрола воведе Министерството за финансии на САД –...
Post Views: 1
Еден од носечките проекти во нашата програма е „Зелена оаза“ за уредување на паркови и зголемување на градското зеленило во Охрид, истакна Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ презентирајќи дел од предизборната кампања. Продолжуваме со грижата за почиста животна средина која е клучна за поквалитетен живот на жителите и создавање на убав животен простор и мерки за спроведување на современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден културен и туристички центар како што е Охрид, рече Георгиески.
Предвидуваме...
Post Views: 5
Специјалистите по семејна медицина од денеска можат да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина.
Со ова се финализираше процедурата почната во февруари годинава, презентирана од министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на првиот Национален форум за здравство. Ова решение е дел од мерките за унапредување на примарната здравствена заштита, изготвени врз основа на анализите и препораките на Светската здравствена организација и во координација со стручните здруженија.
– Специјалистите по семејна медицина...
Post Views: 0
Според најновите информации, најмалку девет лица се убиени во денешната престрелка во училиште во финскиот град Каухајоки. Претходно беше јавено дека полицијата го фатила и разоружала напаѓачот.
Засега нема официјални информации за бројот на настраданите, меѓутоа се стравува дека бројката на загинати може да биде многу поголема.
Американската телевизија Си-Ен-Ен јавува дека напаѓачот се обидел да се самоубие, но не успеал. Неколку луѓе се ранети, но точниот број не се знае.
Според наводите на финската телевизија YLE, полицијата соопштила дека до пукање дошло во едно...