Георгиески го најави проектот „Зелена оаза“

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ упати честитка до граѓаните по повод Денот на народното востание, 11-ти октомври. Посветени сме на сит сегменти од општественото живеење, а особено за  заштитата на животната средина и природните богатства на регионот, истакна Георгиески и го најави проектот „Зелена оаза“.

 |   | 

Еден од носечките проекти во нашата програма е „Зелена оаза“ за уредување на паркови и зголемување на градското зеленило во Охрид, истакна Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ презентирајќи дел од предизборната кампања. Продолжуваме со грижата за почиста животна средина која е клучна за поквалитетен живот на жителите и создавање на убав животен простор и мерки за спроведување на современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден културен и туристички центар како што е Охрид, рече Георгиески.

Предвидуваме уредување на парк зона на потегот на Студенчишкото блато. Веќе е започната процедура за носење на Закон за прогласување на блатото за Парк на природата, со што ќе се овозможи негова поголема заштита. Со цел да се обезбеди соодветна промоција на вредностите на блатото и истите да се презентираат пред туристите, возоната која ќе биде предвидена за активно управување предвидуваме уредување на репрезентативна локација, интересна за посети и за збогатување на туристичката понуда на градот – истакна Георгиески.

Преземаме мерки за уредување на Парк шумата „Кале“. Овој зелен потег има голем потенцијал за рекреација на жителите и нуди неповторливи прошетки за туристите.

Преку анализа на стручни лица и наменски проект, пристапуваме кон обновување и пошумување на овој дел со нови дрвја и зеленило. Планирани се нови пешачки патеки, соодветна урбана опрема, осветлување, како и видиковци на најатрактивните панорамски локации, најави Георгиески.

Носиме решение за уредување на зеленилото и просторот во непосредна близина на Билјанини извори. Со сите нови содржини, овој потег ќе стане атрактивно место за прошетки, одмор и рекреација и значително ќе ја зголеми понудата за туристите. Планираме идејно решение за парковско уредување на слободниот простор во близина на спортски центар Билјанини извори. Планирано е подигнување на нов дрворед, хортикултурно уредување на просторот, нови патеки, фонтани, урбана опрема и останати еко содржини – кажа Георгиески на денешната прес конференција.

Предвидуваме уредување и проширување на постојните зелени зони по должина на Градскиот кеј, подигање на нови дрвореди на повеќе улици во центарот на градот и периферната област со што ќе се зголемат зелените површини во градот, истакна Георгиески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top