Post Views: 8
Рачно изработена експлозивна направа синоќа избувна во близина на колоната автомобили, со кои патувал американскиот амбасадор во Ирак Кристофер Хил.
Според портпарол на Стејт департментот во инцидентот, кој се случил во јужната ирачка провинција Ди-Кар, нема повредени, а амбасадорот Хил патувал со блиндиран автомобил. Тој се враќал од средба со локални политички лидери во Насирија. Единствено малку е оштетен првиот автомобил во конвојот.
Се уште не се знае дали станува збор за планиран напад врз американскиот амбасадор или за случајност.
Според претседателот на советот...
Post Views: 0
11 милиони евра е „тежок“ основниот буџет на општина Охрид за 2020 година. Вкупните приходи во буџетот се проектирани на износ од 1.231.170.000,00 денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 673.068.143,00 денари. Буџетот е развоен и креиран според потребите на Охриѓани, истакна градоначалникот Константин Георгиески. На денешната седница опозицијата го искористи правото за поднесување амандмани. Предложија 14 амандмани со дополнувања на ставки со кои предлагаа кратење на средства од ставките како што се собраќајна сигнализација, набавка на возило...
Post Views: 3
Од АМСМ информираат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Post Views: 0
Парламентот на Исланд денеска со гласање треба да одлучи дали земјата да поднесе кандидатура за членство во Европската унија.
Исландската премиерка Јохана Сигурдардотир викендот најави дека доколку парламентот даде зелено светло, кандидатурата ќе биде поднесена до крајот на јули.
Во обраќањето пред пратениците, премиерката рече дека планирано е барањето за членство да биде поднесено за време на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ на 27 јули.
Сигурдардотир ги повика сите 63 парламентарци брзо да дејствуваат со цел да може барањето да биде поднесено како што е...
Post Views: 0
Дечињата од ОУ. Св. Климент Охридски денес го имаа највеселиот госитин во својата училница. Дедо мраз заедно со претсдтавници на ЈП „Билјанини извори“ ги посети учениците со посебни потреби од ова училиште со полна торба новогодишни подароци. Наташа танеска, директорката на училиштето, кажа дека хуманите луѓе од Охрид, не забораваат на оние кои со нетрпение ги очекуваат новогодишните и божиќните поразници.
„Во ОУ „Св. Климент Охридски“ како секоја година, така и оваа претставници од бизнис секторот од нашиов град, како и приватни лица кои сакаат да останат анонимни,...
Post Views: 2
Готова е Стратегијата на општина Струга. Таа доаѓа како резултат на Програмата „Општина по мерка на граѓаните“, програма која се реализра во соработка со општината и Фондација Отворено Општество. Стратегијата е усвоена од Советот на општина Струга со партиципативно учество на граѓаните, институции и секторите на општина Струга.
„Навистина беше добро што сите придонесоа за стратегиите да бидат успешни. За граѓаните што не знаат стратегиите се однесуваат на 4 области, развој на образованието, млади, социјална заштите, соработка ос граѓанскито сектор. Од истите произлегоа...
Post Views: 1
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска почнува турнеја по западен Балкан, носејќи порака дека „регионот е од животна важност за Унијата“.
Прва станица на мини турнејата на Солана е Белград, каде денеска ќе има средби со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ, шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ и други членови на владата.
Солана, како што соопшти неговиот кабинет, во вторник ќе го посети Скопје и ќе има средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на опозициониот СДСМ...
Post Views: 4
Предновогодишна забава и подароци беа органзирани за најмладите Охриѓанчиња од ранливата категорија сограѓани. Децата и нивните придружници имаа заеднички ручек со градоначалникот Константин Георгиески, кој им упати желби за среќа во новата година.
„Сите сте значаен сегмент на нашето општество, а ние сме тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики помеѓу сите граѓани. Општината тековно организира од програмата за социјална заштита со цел за подобро утро на сите“, кажа во своето обраќање градоначалникот Георгиески.
Најмалите Охриѓанчиња...
Post Views: 7
Кинеската државна новинска агенција Синхуа соопшти дека бројот на загинатите во етничките судири во западниот регион Ксингџијанг нараснал од 156 на 184.
Според агенцијата, 137 од загинатите се од кинеското етничко мнозинство Хан, додека 46 од малцинството Ујгурци, кои во најголем дел се муслимани.
Кинески владини претставници велат дека судирите започнале во неделата кога Ујгурци најпрвин нападнале Хан Кинези. Тие, пак, два дена подоцна излегле на улиците вооружени со ножеви, плаки и друго оружје, барајќи одмазда против Ујгурците. Биле уапсени најмалку 1,434 лица....
Post Views: 1
Кај седум хрватски војници е откриено присуство на метаболити во организмот. Од Министерството за одбрана соопштуваат дека е утврдена конзумација на кокаин и марихуана.
Против седуммината е поднесена дисциплинска пријава.
Најголем дел од припадниците се од хрватската армија. Официјално не се знае дали дрогата ја консумирале додека биле на служба или надвор од касарната, како ја набавувале и во колкави количини. Војниците биле тестирани без најава.
Злоупотребата на наркотици, која претходно беше евидентирана меѓу специјалци во Министерството за одбрана и генералштабот,...
Post Views: 5
Предлог буџетот на општина Охрид и програмите за работа за следната година ќе се најдат пред градските советници на последната седница за закажана за утре четврток, 26-ти декември со почеток во 11 часот во малата општинска сала.
Од мноштвото точки кои ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница советниците треба да ја разгледаат и информацијата за изготвениот интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Охрид, а ќе треба да се произнесат и по предлог програмите за управување со отпад на општина Охрид и утврдувањето на вредноста на бодот за платите на...
Post Views: 1
Босанските муслимани денеска ја одбележуваат 14-годишнината од масакрот во Сребреница.
Босанските муслимани денеска ја одбележуваат 14-годишнината од масакрот во Сребреница, во Источна Босна, каде што околу 8.000 босански муслимански мажи и момчиња беа убиени за неколку дена по преземањето на муслиманската енклава која се наоаѓе под заштита на ОН, од страна на босанските српски сили за време на војната во БиХ, од 1992-1995.
Илјада полицајци ќе ја гарантираат безбедноста за време на церемонијата, на која се очекува да присуствуваат неколку десетици илјади лица. Таа ќе...