• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дедо мраз во посета на паралелките со дечиња со посебни потреби од Основното Училиште „Св.Климент Охридски“

Дедо мраз во посета на паралелките со дечиња со посебни потреби од Основното Училиште „Св.Климент Охридски“

Сите двассеттина дечиња од дедо мраз во придружба на претставници од Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“, добија новогодишни пакетчиња и многу желби за се најубаво во наредната година.

 |   | 

Дечињата од ОУ. Св. Климент Охридски денес го имаа највеселиот госитин во својата училница. Дедо мраз заедно со претсдтавници на ЈП „Билјанини извори“ ги посети учениците со посебни потреби од ова училиште со полна торба новогодишни подароци. Наташа танеска, директорката на училиштето, кажа дека хуманите луѓе од Охрид, не забораваат на оние кои со нетрпение ги очекуваат новогодишните и божиќните поразници.

„Во ОУ „Св. Климент Охридски“ како секоја година, така и оваа претставници од бизнис секторот од нашиов град, како и приватни лица кои сакаат да останат анонимни, донираат за дечињата со посебни потреби. Еве денес, добивме доницја од новогодишни пакетчиња од ЈП „Билјанини извори“, а и деновиве наназад континуирамо имаме донации од лица кои се сетиле на овие дечиња. огромна благодарност до секој оној кој ќе се сети дека и овие деца имаа потреба од подароци“ кажа директорката на училиштето Наташа Танеска.

Од јавното претпријатие „Биљанини извори“ пордолжуваат со општествено одговорните активности, како и секогаш и не само за разниците, вели директорката Гордана Јовановска.

„По втор пат се наоѓаме во ОУ „Св. Климент Охридски“, и сакаме на овие дечиња да им ги разубавиме овие предновогодишни денови, но и да им посакаме здравје и среќа понатака да ги следи засекогаш во животот“, рече Гордана Јовановска – директор ЈП „Билјанини извори.

Директорката Јовановска најави дека на почетокот на нареднава година подготвуваат донација и за одделението за поливалентно лекување, – геријатрија кое функционира во рамките на Општата болниица во нашиов град.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top