Ќе сака ли Исланд во ЕУ?

Парламентот на Исланд денеска со гласање треба да одлучи дали земјата да поднесе кандидатура за членство во Европската унија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Парламентот на Исланд денеска со гласање треба да одлучи дали земјата да поднесе кандидатура за членство во Европската унија.

IcelandИсландската премиерка Јохана Сигурдардотир викендот најави дека доколку парламентот даде зелено светло, кандидатурата ќе биде поднесена до крајот на јули.

Во обраќањето пред пратениците, премиерката рече дека планирано е барањето за членство да биде поднесено за време на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ на 27 јули.

Сигурдардотир ги повика сите 63 парламентарци брзо да дејствуваат со цел да може барањето да биде поднесено како што е планирано.

Според Сигурдардотир, членството во ЕУ е најдобриот начин за стабилизирање на исландската економија, по колапсот на банкарскиот сектор во есента лани како последица на финансиската криза.

Противниците на идејата за влез на Исланд во ЕУ бараат во земјата да биде распишан референдум за ова важно национално прашање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top