Неуспешен атентат врз американскиот амбасадор во Ирак

Рачно изработена експлозивна направа синоќа избувна во близина на колоната автомобили, со кои патувал американскиот амбасадор во Ирак Кристофер Хил.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kristpher Hill
Кристофер Хил

Рачно изработена експлозивна направа синоќа избувна во близина на колоната автомобили, со кои патувал американскиот амбасадор во Ирак Кристофер Хил.

Kristpher HillСпоред портпарол на Стејт департментот во инцидентот, кој се случил во јужната ирачка провинција Ди-Кар, нема повредени, а амбасадорот Хил патувал со блиндиран автомобил. Тој се враќал од средба со локални политички лидери во Насирија. Единствено малку е оштетен првиот автомобил во конвојот.

Се уште не се знае дали станува збор за планиран напад врз американскиот амбасадор или за случајност.

Според претседателот на советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, адмирал Мајкл Малон, рачно изработените бомби се главната закана по животите на американските војници во Ирак.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top