Западнобалканска турнеја на Хавиер Солана

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска почнува турнеја по западен Балкан, носејќи порака дека „регионот е од животна важност за Унијата“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Javier Solana
Хавиер Солана

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска почнува турнеја по западен Балкан, носејќи порака дека „регионот е од животна важност за Унијата“.

Прва станица на мини турнејата на Солана е Белград, каде денеска ќе има средби со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ, шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ и други членови на владата.

Javier SolanaСолана, како што соопшти неговиот кабинет, во вторник ќе го посети Скопје и ќе има средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на опозициониот СДСМ Бранко Црвенковски.

Истиот ден Солана ќе има средби и со властите во Приштина, а турнејата ќе ја заврши во среда во Подгорица.

Пред да замине на турнејата по западен Балкан, Солана во неделата порача дека овој регион е подрачје од животна важност за Европската Унија (ЕУ), пренесува Макфакс.

„Европската перспектива на тој регион е јасна и јас секогаш сум ги поддржувал напорите на земјите од тој регион да се вклучат во Унијата. Европската перспектива на регионот е најдоброто за сите земји кои го сочинуваат и исто така за Европската унија“ изјави Солана за агенцијата Бета.

Одговарајќи на прашање, дали во ЕУ постои „замор“ од ветениот процес на проширување и приемот на нови земји од западен Балкан, Солана рече дека „безбедна, стабилна и прогресивна Европа, која живее во мир и која во своите редови ќе го вклучи западниот Балкан, е стремеж на големо мнозинство Европејци“.

„Процесот на вклучување на Балканот (во ЕУ) само што започна и не верувам дека засега може да се воочи каков и да е “замор“. Има уште доста да се направи, но резултатите од тој напор ќе вредат“, изјави Солана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top