Пецаков најавува велосипедска патека Охрид-Свети Стефан

Post Views: 4 Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан ветува Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“. Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“. Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната...

Continue reading

Две лица не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час

Post Views: 4 Во текот на изминатото деноноќие 21/22.04.2020 година, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид две лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19,Охрид-2. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби или сообраќајни незгоди, а регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир, случено на 21.04.2020 година, околу 19 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Приведен...

Continue reading

mesto na zlostorstvo

Злосторство што ја потресе Србија на Велигден

Post Views: 1 Телата на една 25-годишна и на друга 18-годишна девојка од село крај спрскиот град Чуприја биле во недела најдени од полицијата. Едно од телата било најдено во автомобил „хонда“ со прострелни рани, додека другото било оддалечено три метра од возилото, исто така со прострелни рани I скршена нога, пишува белградски Blic.Двете девојки ко биле најдобри пријателки едната матурантка Билјана а другата Ивана студентка, во саботата навечер излегле и отишле до момчето на помалата девојка со која не биле во моментот во врска.Утрината семејствата на девојките виделе дека тие не...

Continue reading

Охриѓани дисциплинирани и совесни за време на продолжениот плициски час

Post Views: 1 Мирно и стабилно изминале 85 -те часа карантин во земјава кои трае од 16 часот , петок 17 април до 5 часот утрово. Граѓаните во Охрид биле дисциплинарани и само 4 -ца ја нарушиле забраната за движење за време на спроведување на мерки за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид 19, а во соседна Струга тој број бил 14 лица, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Во овој период во СВР Охрид нема пријава за семејно насилство или друг облик за случено кривично дело “, кажува Димоски . На 18 април, саботата се случила една тешка сообраќајна...

Continue reading

Abdurahmanova

Терористичко љубовно писмо

Post Views: 0 “Ќе се сретнеме во рајот,“ гласела пораката што била испишана на арапски јазик на парче хартија најдено во џебот на Џенет Абдурахманова, 17-годишната девојка за која што се смета дека изврши еден од нападите на метрото во Москва. Во тек е графолошка анализа на ракописот. И самото име на жената самоубиец произлегува од арапскиот збор Џенет, што значи рај. Како и нејзините претходнички кои себе си се нарекувале “црни вдовици“ и нејзиниот мотив за нападот најверојатно бил одмазда за убиството на нејзиниот сопруг. Се уште не е познато како Абдурахманова се нашла меѓу терористите,...

Continue reading

Денес во Струга почна со работа пункт за тестирање на Ковид 19

Post Views: 1 Во Струга почна со работа пункт за земање на брисеви од Ковид 19 во поддрачната единица на Центарот за јавно здравје. Во текот на денешниот ден биле земени брисеви од 5 мина стружани, информира Сашо Точков директор на охридскиот Центар за јавно здравје. Дополнително се земени брисеви и во струшката околина, Лабуништа и околните села од мобилните екипи на центарот. Во Охрид пак, биле земени брисеви од 4 сомнителни случаи. За последните 8 новорегистрирани случаи со корона вирусот, вработени на охридска бензиска пумпа, Точков смирува дека нема место за загриженост. „Вирусот...

Continue reading

macu piccu

Мачу Пикчу отворена за јавноста

Post Views: 1 Познатата тврдина на Инките во џунглата во Перу, Мачу Пикчу, од денеска повторно е отворена за јавноста. Цели два месеца беше затворена откако силни дождови и надојдената вода на реката Урубамба кон крајот на јануари ја уништија железничката линија. Таа е единствениот начин како од блискиот град Куско да се дојде до оваа светски позната локација. Сега повторно магичниот град е отворен за посетители. „Ни требаа многу денови за да дојдеме до тука. Иако врне, сепак се исплатеше. Ова што го гледаме тука ќе го запаметиме до крајот на животот. Ова место е волшебно“, вели Рајан,...

Continue reading

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЉУБАНИШТА

Post Views: 11 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа нова акција за чистење и собирање на отпадот кој во текот на изминатите неколку денови, беше натрупан на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од кампот Љубаништа до границата со Република Албанија. Во рамки на денешните активности биле подигнати остатоци од пластична амбалажа, најлонски кеси, картонска амбалажа и други видови на цврст отпад, кои како резултат на интензивните врнежи во водите на езерото биле исфрлени преку реката Черава. Со оглед на големите количини на натрупани отпад и тешко пристапниот терен...

Continue reading

Напад со нож во Лондон, можен тероризам

Post Views: 2 Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот. Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам. Едно 19 годишно лице било уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили. По нападот на сограѓаните им се обратил градоначалникот Садик Кан кој рекол дека безбедноста на жителите на Лондон е главен приоритет. “Безбедноста на сите...

Continue reading

bombardiranje

Израел ја бомбардираше Газа

Post Views: 0 Израелските воени воздухоплови рано изутрината бомбардираа повеќе цели на територијата на појасот Газа. Во серијата воздушни напади погодени се повеќе објекти, фарми и работилници, кои и припаѓаат на палестинската исламистичка група Хамас. Нападите се извршени во близина на градот Кан Јунис, каде што изминатата недела загинаа двајца израелски војници. Според изјави на локалното население, израелската авијација непосредно пред нападот фрлала летоци, со кои го предупредувала населението дека ќе има бомбардирање. Според првичните информации нема загинати во нападите, а...

Continue reading

Лишени од слобода 89 лица по однос непочитување на забраната за движење

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20/21.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација,...

Continue reading

Листата на лекови на товар на Фондот проширена со 80 нови имиња

Post Views: 0 Од 11 јуни годинава, листата на лекови по заштитени имиња на товар на Фондот ќе биде проширена со додавање на 80 нови заштитени имиња на лекови, од 23 различни производители и компании. Со ова, вкупниот број лекови од различни производители што се достапни за осигурениците на товар на Фондот изнесува 2.010 лекови или 52% од регистрираните лекови во државата. Придобивките кои ги овозможува Фондот со оваа измена се бројни, зголемен е бројот на лекови достапни за осигурениците преку аптеките и болниците, поголем е бројот на лекови без доплата, со тоа се зголемува и конкуренцијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top