Напад со нож во Лондон, можен тероризам

Една жена е убиена, а петмина се повредени во центарот на Лондон

 |  инфодеск  | 

Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот. Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам. Едно 19 годишно лице било уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили.

По нападот на сограѓаните им се обратил градоначалникот Садик Кан кој рекол дека безбедноста на жителите на Лондон е главен приоритет.

“Безбедноста на сите жители на Лондон е мој главен приоритет. Ве молам да пријавите се што ви е сомнително. Сите мораме да бидеме очи и уши за нашата полиција и службите за безбедност за да помогнеме Лондон да биде безбеден”, порачал Кан и ги повика граѓаните да останат мирни и внимателни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top