Израел ја бомбардираше Газа

Израелските воени воздухоплови рано изутрината бомбардираа повеќе цели на територијата на појасот Газа.

 |   | 
bombardiranje
бомбардирање

gazaИзраелските воени воздухоплови рано изутрината бомбардираа повеќе цели на територијата на појасот Газа.

Во серијата воздушни напади погодени се повеќе објекти, фарми и работилници, кои и припаѓаат на палестинската исламистичка група Хамас.

Нападите се извршени во близина на градот Кан Јунис, каде што изминатата недела загинаа двајца израелски војници.

Според изјави на локалното население, израелската авијација непосредно пред нападот фрлала летоци, со кои го предупредувала населението дека ќе има бомбардирање.

Според првичните информации нема загинати во нападите, а неколку лица се здобиле со полесни повреди.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top