Пецаков најавува велосипедска патека Охрид-Свети Стефан

Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан ветува Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.

 |   | 

Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан ветува Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.

Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“.

Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина. Со овој проект освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите. Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина – се вели во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top