Денес во Струга почна со работа пункт за тестирање на Ковид 19

Досега во регионалниот центар за Јавно здравје Охрид се земени околку 300 брисеви за тестирање од корона вирусот. Од 15 евидентирани случаи со Ковид 19 за двајца Охриѓани се чекаат вторите контролни тестови кои треба да потврдат дали се излекувани.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Струга почна со работа пункт за земање на брисеви од Ковид 19 во поддрачната единица на Центарот за јавно здравје. Во текот на денешниот ден биле земени брисеви од 5 мина стружани, информира Сашо Точков директор на охридскиот Центар за јавно здравје. Дополнително се земени брисеви и во струшката околина, Лабуништа и околните села од мобилните екипи на центарот. Во Охрид пак, биле земени брисеви од 4 сомнителни случаи. За последните 8 новорегистрирани случаи со корона вирусот, вработени на охридска бензиска пумпа, Точков смирува дека нема место за загриженост.

„Вирусот е во локална трансмисија во Охрид, но повеќе пати сум кажал, заради дисциплината и почитувањето на мерките немавме поголем број на случаи. Сега 15 лица се позитивни и нема дополнителни кластери. На една од бензиските пумпи е детектирано присуство на вирусот кај 8 лица. Но, тие не се поврзани со лицето кое пред 10 дена беше тестирано од истата бензиска пумпа и беше позитивно“ , смирува Точков.

Појаснува дека лицата и нивните семејства се во домашна изолација и се без симптоми. Не се исклучува можноста вирусот да е внесен од друго место. Тие лица со претходно позитивниот, не биле во контакт, но вирусот е пренесен заради природата на работата бидејќи можеле да точат бензин и на лица од други места“, вели Точков.

Овие луѓе самоиницијативно се тестирале. Од 13 лица кои отишле на тестирање само 8 се позитивни и немале контакт и не биле со лицето кое било позитивно претходно. Меѓусебна трансмисија е можна, да го пренесувале вирусот еден на друг. Вработените носеле заштитна опрема, маска и ракавици. Не поврзувам со овој случај, но генерално сите треба да внимаваат и правилно да ја употребуваат заштитната опрема“, кажува Точков.

Во охридскиот центар за јавно здравје досега од охридско – струшкиот регион се земени околку 300 брисеви за тестирање на корона вирусот со упат од матичен лекар. Од првите случаи заболени со Ковид 19 во Охрид, а кои ги исполниле критериумите за изолација и кои се тестирирале и добиле прв негативен резултат сега се чека и вториот негативен тест. Такви резултати се чекаат за двајца Охриѓани за кои треба да се потврди дали се излекувани од корона вирусот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top