Пронајдена марихуана кај 31-годишен охриѓанец

Post Views: 6 На 26.10.2021 на улицата „Аргир Маринчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охртид го приведоа и лишија од слобода Ѓ.С.(31) од Охрид затоа што кај него, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Од охридската ТППЕ апелираат до граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата

Post Views: 4 Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници. „Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички...

Continue reading

Leh i Marija Kacinski

Полскиот претседател Лех Качински загина во авионска несреќа

Post Views: 1 Претседателот на Полска Лех Качински загинал денеска во авионска несреќа во западниот дел на Русија. Како што јавија агенциите, авионот со 87 патници се урнал при слетувањето во градот Смоленск. Гувернерот на регионот Смоленск Сергеј Антуфијев потврди дека несреќата не ја преживеало ниту едно лице. Авионот од типот тупољев 154, кој летал од Варшава за Смоленск, при слетувањето се залетал во крошни од дрва по што паднал на земја и се запалил. „Во авионот покрај претседателот на Полска биле и неговата сопруга, началникот на генералштабот на полската војска и заменик министерот...

Continue reading

Кардиолошки завод подготвен за третман и на пациенти со Ковид 19

Post Views: 23 Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид  подготвена за третман и на пациенти позитивни на корона вирусот. Во здравствената установа направена е комплетна реорганизација. Медицинскиот тим е подготвен за лекување на нискоризични и високоризични пациенти. Интензивната нега е поделена на два независни дела. Направена е адаптација на дневна болница каде е обезбеден дополнителен доток на кислород  и повеќе легла во случај на зголемување на обемот на работа.  На сите пациенти им се прави епидемиолошка анкета, дезинфекција и мерење температура....

Continue reading

Kacinski

Се урна авионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински

Post Views: 0 Авионот со кој патуваше полскиот претседател Лех Качински се урна при приближување кон аеродромот на рускиот град Смоленск, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на полски официјален претставник. Засега нема информации за евентуални преживеани.Качински и семејствата на жртвите од масакрот во Катин денеска требаше да присуствуваат на церемонијата со која се одбележува 70-годишнината од убиството на 22 илјади полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советскте агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск. {loadposition content9}

Continue reading

Пензионерите Иванка и Бруно Гигер полесно ги минуваат деновите во карантин со своето хоби

Post Views: 5 Брачниот пар Иванка и Бруно Гигер во време на пандемијата полесно го поминуваат домашниот карантин благодарение на нивното хоби. Тие пронашле начин во пензиoнерските денови да не се чувствуваат неполезно благодарејќи на љубовта која ја имаат кон рачната изработка на украсни предмети за кои употребуваат школки. Раскажуваат дека кога има дозвола за движење на пензионерите над 67 години излегуваат само по потреба додека остатокот од времето го поминуваат внесени во работата. „Изработуваме кутии за накит и клучеви, рамки за слики, мали пиленца. Не ни е досадно. Колку бргу...

Continue reading

samit

Американско-рускиот самит бесплатна реклама за Прага

Post Views: 2 Рекламирањето на „Златната Прага“ и нејзините знаменитости што обично чини 130.000 долари на една страница во дневниот весник „Њујорк Тајмс“ или пак 50.000 долари за три секунди во етерот на Си-Ен-Ен, овој пат чешкиот главен град ги доби сосема бесплатно. Според маркетинг-менаџерот Давид Лотак, како што јави дописникот на МИА од Прага, кампањата која деновиве се водеше во Чешка поради руско-американскиот Самит по повод потпишувањето на историскиот договор за нуклеарно разоружување има вредност од речиси 11 милиони долари. Експертите тврдат дека огромна предност е и...

Continue reading

ПРОДОЛЖУВА РЕДОВНАТА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Post Views: 3 Во согласност со општинскиот оперативен план за превенција од корона вирусот Ковид-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вршат редовна дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид. Во текот на вечерните и раните утрински часови, со средство за дезинфекција се мијат улиците и јавните површини во централното градско подрачје, стариот дел на градот и сообраќајниците во населбите и селата. Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.

Continue reading

Италија: Боинг 737 заврши на патот во близина на аеродром

Post Views: 4 Карго авион Боинг737 се сруши при слетувањето на аеродромот во Бергамо, Италија. Поради лоши временски услови авионот заврши на на патот кој минува во близина на аеродромот и за среќа никој не е повреден. До несреќата дошло во петок во 4 часот наутро. Откако авионот успеал да слета на една од пистите тој го продолжил слетувањето и завршил на блискиот пат. Тој летал од Париз, а екипажот се извлекол без повреди, јавува Guardian.

Continue reading

Netanjahu

Нетанјаху го откажа учеството на средбата на врвот за нуклеарна безбедност

Post Views: 3 Иран ќе биде главна тема на светската средба врвот за нуклеарна безбедност во Вашингтон на 12 и 13 април, изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули. – Ќе има билатерални разговори и средби. Очекуваме Иран да е важна тема за разговор, изјави Кроули. Постојаните претставници на шесторката (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) во ОН се собраа во британската мисија на ОН за да го разгледаат проектот за резоулцијата, изготвен од САД, во кој се предвидуваат санкции против иранската Гарда на револуцијата, кои се сметаат вмешани во дејноста...

Continue reading

Започнува реконструкцијата на улицата „Абас Емин“

Post Views: 0 Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е Комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“. Со ова, конечно се решава еден децениски проблем и се обезбедуваат подобри услови за жителите на Општина Охрид, најави  градоначалникот Константин Георгиески  преку видео обраќање до граѓаните.  „Заедно со Министерството за транспорт и врски со средства обезбедени од Европска Банка за обнова и развој го започнуваме овој капитален проект во Општина Охрид во вредност од околу 40 милиони денари.  Денеска започна со  изведба и реконструкција...

Continue reading

Од денес маслото од канабис во аптеките

Post Views: 0 Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките низ државата е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт (и содржи количина на THC помалку од 0,2 %, а со две различни концентрации на CBD – од 5% и 7%), стои на Фејсбук страната од министерството. Со оваа новина излеговме во пресрет на барањата на граѓаните и стручната јавност, чии забелешки, мислења и сугестии имавме можност да ги слушнеме на одржаните јавни дебати на оваа тема, а потоа истите ги вградивме во законско решение во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top