Започнува реконструкцијата на улицата „Абас Емин“

Градоначалникот Константин Георгески при објавувањето на оваа вест побара воедно и разбирање од граѓаните за изменитње на сообраќајниот режим при реализациојата на , како што рече, овој сложен капитален инфраструктурен проект. Доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.

 |   | 

Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е Комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“. Со ова, конечно се решава еден децениски проблем и се обезбедуваат подобри услови за жителите на Општина Охрид, најави  градоначалникот Константин Георгиески  преку видео обраќање до граѓаните.

 „Заедно со Министерството за транспорт и врски со средства обезбедени од Европска Банка за обнова и развој го започнуваме овој капитален проект во Општина Охрид во вредност од околу 40 милиони денари.  Денеска започна со  изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа финансирани со средства од Европската банка во вредност од 22 милиони денари.“ – објаснува градоначалникот.

Во рамки на активностите за реконструкција на целокупната подземна инфраструктура, првично ќе биде опфатен потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“. Вториот дел од инвестицијата, кој опфаќа комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид.

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со надлежните во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, направи увид на започнатите активности и најави дека доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година.

“Реконструкацијата на оваа улица е капитална инвестиција за нашите граѓани, нешто што беше планирано од сите претходни градоначалници и сите претходни Локални власти. Како локална самоуправа ги препознаваме вистинските потреби за нашиот град, ги лоцираме вистинските проблеми и напорно работиме на нивно решавање.“ – вели Георгиески.

Георгиески истакна дека ова е сложен инфраструктурен проект и дека во текот на изведбата ќе има измени на сообраќајниот режим на улицата „Абас Емин“ за што упати молба до граѓаните за разбирање при изведување на работите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top