Нетанјаху го откажа учеството на средбата на врвот за нуклеарна безбедност

Иран ќе биде главна тема на светската средба врвот за нуклеарна безбедност во Вашингтон на 12 и 13 април, изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули.

 |  Maja Савиќ  | 
Netanjahu
Нетањаху

Netanjahu i AhmadinedzatИран ќе биде главна тема на светската средба врвот за нуклеарна безбедност во Вашингтон на 12 и 13 април, изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули.

– Ќе има билатерални разговори и средби. Очекуваме Иран да е важна тема за разговор, изјави Кроули.

Постојаните претставници на шесторката (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) во ОН се собраа во британската мисија на ОН за да го разгледаат проектот за резоулцијата, изготвен од САД, во кој се предвидуваат санкции против иранската Гарда на револуцијата, кои се сметаат вмешани во дејноста за нуклеарно ширење.

– Продолжуваме да правиме се што е можно за постигнување на резолуција штом ќе биде можно, истакна Кроули.

На средбата на врвот во Вашингтон ќе учествуваат 47 лидери на држави и влади.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа планираната посета на Вашингтон за учество на средбата на врвот за нуклеарна безбедност. Израел ќе биде претставен на форумот од вицепремиерот и министерот за разузнавање и тајните служби Дан Меридор.

Нетанјаху ја донел одлуката откако разбрал дека Египет и Турција планираат да го покренат прашањето за израелскиот нуклеарен арсенал на форумот и да побараат земјата да прифати меѓународни инспекции на нуклеарните објекти.

Според странски аналитичари, Израел е нуклеарна држава од пред 40 години и поседува меѓу 100 и 200 нуклеарни бомби.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top