Post Views: 2
План за градење на џамија на речиси истото место каде што беа кулите близначки ги разлути Њујорчани, за кои идејата е иста како да градиш германски културен центар во Аушвиц.
Иницијаторите на проектот објаснуваат оти исламскиот центар ќе го разубави едноличниот дел од Менхетен, но и дека ќе биде отворен за сите посетители, без разлика на верата, единствено со цел Американците да сфатат дека и муслиманите се дел од нивната заедница.
Според локалното население, идејата е лоша бидејќи веднаш до локацијата планирана за џамија и исламски центар се наоѓа пустиот празен простор,...
Post Views: 0
Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба.
Заштитните маски кои се наменети за целната група на пензионери за Општината Охрид ќе им ги додели преку волонтерите на Црвен крст Охрид особено на оние пензионери кои се немоќни, изнемоштени и тешко можат да обезбедат заштитни средства во руралните средини. Здружението покрај ова им доделува заштитни маски и на пензионерите кои секојдневно доаѓаат во Здружението.
Инаку Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пред...
Post Views: 2
Најмалку 30 лица се убиени, а околу 100 се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе на свадба на отворено во југоисточниот турски град Газиантеп, соопшти регионалниот гувернер, a пренесува BBC.Гувернерот на Газиантеп Али Јерликаја за агенцијата „Anadolu News“ изјави дека се работи за терористички напад. Експлозијата се случила за време на свадбена веселба на која имало многу луѓе. Се уште уште никој нема преземено одговорност на нападот.Минатата недела во мнозинскиот курдски југоисток на Турција повторно е забележан бран на насилства. Во низата бомбашки напади се убиени...
Post Views: 0
Во 1969-та година, Советскиот Сојуз се подготвувал да изврши нуклеарен напад врз Кина, тврди кинески историчар во магазин поддржан од Комунистичката Партија.
Лиу Ченшан е автор на фељтонот посветен на петте нуклеарни закани со кои од 1949-та година се соочила Кина. Според него, најсериозна била опасноста седум години по Кубанската ракетна криза, кога Москва и Пекинг беа во конфликт поради границата, кој однесе повеќе од 1.000 жртви и од двете страни.
Тогаш, советски дипломати го известиле Вашингтон дека планираат да ја “збришат кинеската закана и да се ослободат од тој...
Post Views: 0
Во рамки на Неделата на Црвениот крст, од 8 до 15 мај, Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.05.2020 (четврток) во просториите на Трансфузиологија во Охрид (Општа болница) во периодот од 8:30 до 12:30 часот.
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители. Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите. Ако се чувствуваш...
Post Views: 7
Германскиот пратеник Јоханес Хајндл на поединечни средби ги слушна позициите на потписниците на Договорот од Пржино. СДСМ инсистира на прецизирање конкретни чекори за исполнување на условите за предвремени избори. Лидерот на опозицијата Зоран Заев посочил дека во следните денови е можен договор за избирачкиот список и за медиумите.Во ВМРО ДПМНЕ, Хајндл не беше пречекан од Никола Груевски туку од партиска делегација. За владеачката партија изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на кризата, но тоа треба да биде без неосновано лицитирање...
Post Views: 0
„Ако пропадне еврото, не пропаѓаат само пари, туку и Европа, и идејата за Европска Унија“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на доделувањето на наградата Карло Велики на полскиот Премиер Доналд Туск.
Таа ги повика европските држави да се борат за стабилност на еврото и наведе дека владите-членки на еврозоната го ветиле тоа и сега треба да го исполнат ветувањето.
Според Туск, финансиската криза е и „можност за јакнење и понатамошен развој на Европа“. И Меркел и Туск изразија оптимизам дека Европа ќе може да ја надмине финансиската криза.{loadposition content9}
Post Views: 1
Според опозциската партија, една година Охрид нема градоначалник, а Георгиески се кити со туѓи перја.
-Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните. Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија пред финансиски...
Post Views: 6
Дали имате план за Струга? Кога ќе се изгради велосипедска патека? Дали ќе го реновирате затворениот базен во Струга? Дали ќе добиеме ново спортско игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“, Дали Советот добива задачи и дали ги решава? Со овие прашања започна 34 седница на струшкиот Совет, поставени од учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“, кои денес имаа задача да ја следат седницата. За жал по се изгледа овие суштински прашања за градот Струга не беа сериозно сфатени од Претседателот на Струшкиот Совет, според она што учениците го добија како одговор. Но не само учениците,...
Post Views: 0
Во Европа се шири нова денс дрога, по дејството слична на екстази и кокаин. Се вика мефедрон, а на улица ја викаат „мјау-мјау“ или Mad cat, т.е. луда мачка. Легална е и може да се купи на интернет како средство за иницирање на раст на растенијата.
Прв пат се појави во втората половина на минатата година, кога ја регистрираше Националниот мониторинг центар за дрога.
Дилерите ја продаваат како прашок за шмркање или ставање во пијалоци. Во голема мера патот на оваа дрога и го има отворено ефтината африканска дрога хат – замена за кокаин, која во почетокот на минатата...
Post Views: 1
Враќањето на Финансиската стабилност на општината, беше еден од најважните приоритети на оваа локалната власт, со овие зборови градоначалникот Константин Георгиески го започнува отчетот за сработеното во првата година од мандатот.
„По речиси две децении Општина Охрид конечно ќе има одблокирана сметка, благодарение на помошта од владата на Република Северна Македонија, а тоа ќе значи поголема функционалност, многу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти како и поедноставен пристап до европските фондови. “ – кажа Георгиески.
Препознавајќи ги...
Post Views: 12
Откако Гордон Браун конечно си даде оставка и му стави крај на 13-годишното владеење на лабуристите, Дејвид Камерон стана најмладиот премиер на Британија по речиси 200 години, формирајќи ја првата коалициона влада по Втората Светска Војна. Негов заменик ќе биде Ник Клег.
Лидерот на конзервативците освои најмногу места во Парламентот, но бидејќи му недостигаа уште 20 за апсолутно мнозинство, беше принуден да прифати договор за коалициона влада со либерал демократите. При назначувањето ветил дека неговата администрација ќе се фокусира на обнова на семејството, општеството...