Камерон влезе во Даунинг стрит 10

Откако Гордон Браун конечно си даде оставка и му стави крај на 13-годишното владеење на лабуристите, Дејвид Камерон стана најмладиот премиер на Британија по речиси 200 години, формирајќи ја првата коалициона влада по Втората Светска Војна. Негов заменик ќе биде Ник Клег.

 |  Маја Савиќ  | 
nov premier Britanija
нов премиер Британија

camoeron i kralicata ElizabetaОткако Гордон Браун конечно си даде оставка и му стави крај на 13-годишното владеење на лабуристите, Дејвид Камерон стана најмладиот премиер на Британија по речиси 200 години, формирајќи ја првата коалициона влада по Втората Светска Војна. Негов заменик ќе биде Ник Клег.

Лидерот на конзервативците освои најмногу места во Парламентот, но бидејќи му недостигаа уште 20 за апсолутно мнозинство, беше принуден да прифати договор за коалициона влада со либерал демократите. При назначувањето ветил дека неговата администрација ќе се фокусира на обнова на семејството, општеството и пред сè на одговорноста на земјата.

Камерон има 43 години, се школувал во најексклузивните приватни училишта во Британија, Етон и Оксфорд, каде дипломирал политика, филозофија и економија и станал член на елитниот клуб Булингдон. По студиите, работел за Конзервативната партија и му бил советник на тогашниот канцелар Норман Ламонт.

Пред да влезе во Парламентот во 2001-та, седум години работел како директор на односи со јавноста во телевизиската компанија Карлтон. Конзервативците го избраа како свој петти лидер во декември 2005-та, неколку месеци по третиот последователен пораз на изборите.

Врз неговото залагање за “милосрден конзерватизам” и одбрана на британскиот здравствен систем, големо влијание има искуството од грижата за неговиот најстар син Иван, кој страдал од церебрална парализа и тежок вид на епилепсија и починал во февруари минатата година на 6-годишна возраст.

Тој и неговата сопруга Саманта имаат две деца и го очекуваат третото. Аристократката Саманта, која е креативен директор во фирмата за кожни производи Смитсон, им е миленичка на британските медиуми, кои ја нарекуваат “Сем Кем”.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top